Connect with us

Магазин

Плазма и Роса со партнерите носат радост за првачињата

Регионалната акција на Плазма и Роса доби силна поддршка од партнерските маркети, кои се приклучија во мисијата првачињата да добијат подарок-пакетчиња на почетокот на учебната година.

Скопје, 29.08.2025 – Пивара Скопје со брендот Роса и компанијата Бамби со брендот Плазма се цврсто посветени на својата мисија да придонесуваат за заедницата и да ги поддржуваат најмладите генерации.

Акцијата на Плазма и Роса, во која првачињата на стартот на учебната година ќе добијат подарок од нивните омилени брендови, со големо задоволство беше поддржана од дистрибутерската компанија Кола, која активно се вклучи во реализацијата на оваа прекрасна иницијатива. Оваа акција ги инспирираше и маркетите Веро, Тинекс, Жито, Кит-Го, Вива Фреш и Рамстор да се приклучат и да им донесат радост на најмалите ученици и нивните семејства,

Родителите чии деца тргнуваат во прво одделение ќе можат да го подигнат подарок-пакетчето во најблиската продавница на каса, со приложување на здравствена легитимација или друг документ што ја покажува возраста на детето. Акцијата ќе трае од 1-ви до 15-ти септември или до истрошување на залихите во продавниците.

„Нашата цел е да им го разубавиме почетокот на учебната година на децата кои го прават првиот чекор во образованието. Овие подароци се симбол на поддршка, внимание и охрабрување за најмалите ученици и нивните семејствата, бидејќи првото седнување во училишните клупи е незаборавен момент и треба да биде обоен со топли и убави емоции на заедништво и подарување. Особено ни е драго што и нашите партнери се приклучија на регионалната акција, препознавајќи ја важноста на оваа иницијатива за целата заедница,“ велат од Бамби и Пивара Скопје.

Пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат доставени бесплатно од дистрибутерот Кола до маркети на листата објавена на следниот линк.

Advertisement

Магазин

Храна што топи масти додека спиете: Откријте кои намирници го активираат вашиот метаболизам ноќе

jajce

За многумина, идејата да легнат со празен стомак е неподнослива. Но, добрата вест е дека постојат намирници и пијалаци што можете да ги консумирате навечер, а кои не само што нема да го забават метаболизмот, туку можат да помогнат и во согорувањето на мастите.

Според Сахар Бургис, медицинска сестра, по 45-тата година метаболизмот се успорува, но со правилен избор на храна пред спиење и здрави дневни навики, како стабилизирање на шеќерот во крвта, подобрување на варењето и намалување на воспалението, вечерната ужина може да стане вистински сојузник во губењето тежина.

Чај од цимет и кардамон
Ароматичниот спој на цимет и кардамон не е само уживање за сетилата. Циметот помага да се одржи стабилен шеќерот во крвта, а во комбинација со кардамон, тој ја смирува нервната система и го поттикнува релаксирачкиот ефект пред спиење. Овој чај не е чудотворен, но е одличен партнер во процесот на согорување на мастите.

Тврдо варено јајце
Јајцата отсекогаш биле сметани за суперхрана, а навечер стануваат идеална ужина. Едно тврдо варено јајце обезбедува протеини со бавно варење кои ја одржуваат ситоста, ја стабилизираат енергијата и го штитат мускулното ткиво додека спиете.

Чај од глуварче и цикорија
Овој билен чај е совршен за вечерна релаксација. Глуварчето помага во варењето, го поттикнува исфрлањето на вишокот течности и ја регулира нивото на шеќер во крвта. Во комбинација со цикоријата, создава смирувачки пијалак кој го поттикнува губењето тежина, додека вие одмарате.

Со вистински избор на вечерна ужина, наместо чувство на вина, можете да уживате во помошта што телото ја добива за согорување на мастите. Некои навики навистина може да ја претворат ноќта во вашиот таен сојузник за здрава тежина.

Continue Reading

Магазин

Мали ритуали – големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност.

За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што му даваат автентичност на секое индивидуално искуство и го прават самиот момент попосебен.

Без разлика дали станува збор за креирање лото комбинација од среќни броеви или купување инстант лозови, ритуалите се секогаш присутни како невидлив соиграч на патот до големите добивки.

Среќните броеви на лото ливчето ретко се само случаен избор. Зад нив стојат лични приказни, моменти и емоции, кои на бројките им даваат значење. За некои тоа се родендените на најблиските, за други датумот на венчавка или други датуми значајни за нив. Многу луѓе ги избираат истите броеви со години како симбол на континуитет и како знак дека нешто познато и свое останува непроменето.

Освен бројките, секој има и сопствени навики и ритуали. Некои играчи сакаат да ја предизвикаат среќата сами, некои во друштво со пријателите, за други е важно да ги уплаќаат своите комбинации на истото место или секогаш во ист ден од неделата. Некој го зема првиот лоз од купчето, некој сака самиот да избира, некои имаат омилен инстант лоз, други избираат различни, а некои секогаш купуваат точно одреден број инстант лозови. Ритуалите се инстинктивен обид за дофат до среќата и во свет полн со промени тие остануваат константа.

Интересно е што овие практики и среќни броеви често се пренесуваат низ генерации. Комбинации што се играат со години и навики што се повторуваат прераснуваат во традиција што ги поврзува луѓето. Приказните и верувањата што стојат зад ритуалите ги трансформираат игрите на среќа во нешто повеќе од случајност и бројки. Токму тие моменти носат дел од среќата и потсетуваат дека надежта е важен дел од секојдневието.

Continue Reading

Магазин

Регулацијата на инфлуенсерите остана на хартија: Само едно име во регистарот на АВМУ

И покрај најавите и обидите за воведување ред во сферата на инфлуенсерскиот маркетинг, интересот за официјална регистрација кај надлежните институции е речиси непостоечки. Во Регистарот на физички лица кои даваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, воспоставен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), досега се запишало само едно лице.

Оваа информација беше обелоденета на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, на кој директорот Зоран Трајчевски ги презентираше активностите и резултатите за последниот квартал од 2025 година.

Како даватели на АВМУ услуги по барање се третираат инфлуенсерите, влогерите и креаторите на содржини кои остваруваат финансиска корист преку социјалните мрежи. Иако Агенцијата изготви и „Нацрт-Водич за инфлуенсер(к)и и влогер(к)и“ со цел да ги појасни обврските и постапките, тоа очигледно не придонело за поголема подготвеност за регистрација.

Единствено име во регистарот е инфлуенсерката Ксенија Николовска, која на 1 декември 2025 година пријавила активности на Инстаграм и Фејсбук.

За разлика од инфлуенсерите, кај онлајн медиумите постои поголема свест за законските обврски. Во регистарот на интернет портали во моментов се евидентирани 50 издавачи.

Покрај ова, АВМУ информираше и за резултатите од мониторингот за време на изборната кампања за Локалните избори 2025. Покренати се пет прекршочни постапки против радиодифузерите ТВ 24 Вести, ТВ Компани 21-М, ТВ Вистел, ТВ Шутел и ТВ Гурра.

Агенцијата најави и дека се подготвува за мониторинг на повторните локални избори во 2026 година во општините Гостивар и Маврово-Ростуше, додека од регистарот на оператори се избришани „Неотел“ и „Инфел-КТВ“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг