Connect with us

Република

Првачињата во Битола ќе го слават почетокот на училишната година со „Училишна приказна“

Општина Битола, во соработка со ЈП Паркинзи и поддржувачите на настанот – Зоолошка градина, Културно информативен центар, Црвен крст, СВР Битола, БиМилк и Пелистерка – со голема радост ги поканува првачињата од сите основни училишта на првата „Училишна приказна“. Настанот ќе се одржи на 1 септември во Градски парк со почеток од 11 часот.

На настанот, исполнет со детска радост, музика и игра, учениците ќе имаат можност да учествуваат во активности од фестивалот СИДО, да се возат со Мечо и да се дружат со Заги и Моја Кравица.

Организаторите најавуваат подароци и многу изненадувања за децата, со цел првиот училишен ден да биде незаборавен. „Нека 1 септември биде ден кога ќе ги славиме првите училишни чекори и радоста од новите другарства,“ истакнуваат од Општина Битола.

Република

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на 21-та свечена предновогодишна средба на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

На дневен ред беше работата на Регионалната комора во 2025 година, како и предлог програмата за активностите во 2026 година.

Градоначалникот со своето присуство имаше можност да ги слушне предлозите и проектите кон побрз економски раст и развој на Пелагонија и Преспа за 2026 година.

Уште еднаш беше истакната важноста на долгогодишната соработка на Општина Битола со Регионалната стопанска комора, со цел побрз економски развој на регионот.

Continue Reading

Република

Утре голем дел од Тетово и околината без електрична енергија

Голем дел од Тетово и неколку околни населени места утре (25 декември) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат надлежните служби.

Според најавата, прекините ќе се реализираат во периодот од 06:00 до 07:00 часот, а ќе бидат опфатени повеќе локации во градот Тетово, како и населбите и селата Жилче, Гургурница, Озормиште, Селдарево, Сиричино, Требош и Шемшево.

Во Тетово, без струја ќе бидат делови од градот, вклучувајќи објекти во населбите Поток и Дреновец, околината на болницата, улиците Сандански и 29 Ноември, централното градско подрачје, Горна чаршија, кај Културниот дом, Гимназијата, Ленин, блок 70, како и објекти во близина на Комерцијална банка и Малиот хидроенергетски центар.

Од надлежната институција апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности и да имаат разбирање, посочувајќи дека прекините се неопходни заради одржување и подобрување на електроенергетската мрежа.

Continue Reading

Република

Невзат Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Градот ќе се води чесно и транспарентно“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари.

Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги презентираше проектите од својата програма, со кои планира да ја добие довербата на граѓаните. „Имаме конкретни проекти за Гостивар во наредните четири години – отворање на главниот булевар, изградба на алтернативен пат што ќе ја поврзе Форино со Гостивар и со тоа ќе се намали сообраќајниот хаос, особено за време на доаѓањето на иселениците, и многу други“, истакна Бејта.

Во обраќањето, Бејта изнесе критики кон досегашната локална власт, обвинувајќи ја за злоупотреби и неефикасно работење: „Денес еден квадратен метар асфалт или бекатон чини од 100 до 200 евра, фирми блиски до власта добиваат стотици илјади евра, а работите не се извршени како што треба. Општинскиот долг е над 30 милиони евра, додека наплатата од комуналните такси и градежните дозволи изнесува околу 27 милиони евра за осум години, без јасна отчетност. На 11 јануари ќе се стави крај на оваа лоша пракса, ќе се врати чесната и транспарентна работа во служба на граѓаните, а секој кој злоупотребувал ќе сноси одговорност“.

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Бејта има капацитет и менаџерски способности да води Гостивар и да донесе позитивни промени и подобри услови за граѓаните. На настанот говореше и претседателот на централниот штаб, Аднан Азизи, кој подвлече дека граѓаните заслужуваат стабилност и докажана рака, а не политички експерименти.

Локалниот изборен штаб на Вреди во Гостивар за повторените избори ќе го предводи Бахар Шабани.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг