Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Американски воен брод влегол во Панамскиот канал, растат тензиите со Венецуела 

by Уредник
30.08.2025
in Uncategorized
Американски воен брод влегол во Панамскиот канал, растат тензиите со Венецуела 

Американскиот ракетен крстосувачки брод  „USS Lake Erie“ во петокот навечер поминал низ Панамскиот канал од Пацификот кон Карибите, по распоредувањето на американски воени бродови блиску до венецуелската територија. САД наведоа дека операцијата е насочена против трговијата со дрога.

„Не знаев дека бродот ќе помине… Бев изненаден“, изјави за AFP здравствениот техничар Алфредо Седено, кој го фотографирал крстосувачот. „Lake Erie“ претходните два дена беше закотвен во пристаништето Родман на пацифичката страна на каналот.

Вашингтон го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека раководи со нарко-картел и ја удвои наградата за негово апсење на 50 милиони долари. Сепак, САД не изразија јавно закана за инвазија.

Во одговор, Венецуела распоредила 15.000 припадници на безбедносните сили на границата со Колумбија и најавила патролирање на територијалните води со дронови и воени бродови. Мадуро истакна дека мобилизирал над четири милиони припадници на милицијата, ветувајќи дека земјата е подготвена да го брани „мирот, суверенитетот и територијалниот интегритет“.

Next Post
Макрон предупредува: „Се плашам дека Путин повторно ќе го изигра Трамп“

Макрон предупредува: „Се плашам дека Путин повторно ќе го изигра Трамп“

Израел најавува прекин на хуманитарната помош за Газа: „Евакуирајте се, никој нема да ве заштити“

Израел најавува прекин на хуманитарната помош за Газа: „Евакуирајте се, никој нема да ве заштити“

Препорачани Вести

Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал

12 months ago

Изет Меџити: Заедно за развој и чесна власт во Чаир

4 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.