Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НАГЛА ВРЕМЕНСКА ПРОМЕНА: Ни доаѓа невреме, температурите паѓаат за повеќе од 10 степени!

by Уредник
30.08.2025
in Uncategorized
НАГЛА ВРЕМЕНСКА ПРОМЕНА: Ни доаѓа невреме, температурите паѓаат за повеќе од 10 степени!

Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која е поврзана со циклонската активност со центар над Џеновскиот залив, денес попладне (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (недела 31 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо и нестабилно со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради очекуваното невреме кај нас, апелирам граѓаните да обратат голема внимателност, тоа значи во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, а тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Поради продор на значително посвежа воздушна маса од север, денес (сабота 30 август) во попладневните и во вечерните часови температурите брзо ќе опаднат дури и за повеќе од 10 степени. Токму оваа нагла промена на временската состојба кај нас особено ќе ја почувствуваат метеопатите кај кои се можни поголеми здравствени проблеми. Утре (недела 31 август) температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени, а во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 29 степени. Тоа значи дека утре (недела 31 август) денот ќе биде значително посвеж и со повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Next Post

Тозиевски: Регионалната депонија клучен проект за Преспа, ќе се расчистат 40 диви депонии

Кривична за две лица кај кои што е пронајдено оружје и муниција

Кривична за две лица кај кои што е пронајдено оружје и муниција

Препорачани Вести

Коцевски го побарал предметот за човекот кој ја прегази Теодора

Коцевски го побарал предметот за човекот кој ја прегази Теодора

9 months ago
Москва тврди: “Тој нареди уривање на авион со украински затвореници”

Москва тврди: “Тој нареди уривање на авион со украински затвореници”

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.