Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

(ГАЛЕРИЈА) Свечено откривање на споменикот на војводата Александар Турунџев во Битола

by Уредник
31.08.2025
in Uncategorized

Со голема свеченост и поворка исполнета со историска симболика, вчера во Битола беше откриен споменикот на македонскиот револуционер и војвода Александар Турунџев.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со потомците на семејството Турунџиеви, во присуство на бројни битолчани и гости, го открија споменикот на војводата токму на денот на неговата погибија, пред 120 години.

На свеченоста ѝ претходеше поворка низ градските улици, која започна пред ОУ „Ѓорги Сугарев“, местото каде Турунџев бил затворен. Македонското знаме го развиорија млади момчиња во комитска носија, членови на КУД „Илинден“, а поворката беше предводена од коњаницата „Костурска чета“. Настанот беше збогатен со настапи на групата „Љубојна“, младите зурлаџии и тапанџии од АФ „Гоце Делчев“, како и блех-оркестар.

Граѓаните масовно се приклучуваа на поворката која минуваше низ Плоштад „Магнолија“, покрај реката Драгор, до Ат Пазар – местото на погибието на Турунџев, сè до новиот кружен тек каде што е поставен споменикот.

Свечениот дел продолжи со изведба на македонската химна од правнуката на војводата, пејачката Сузана Турунџиева, а оперскиот пејач Игор Дурловски, во аранжман на Николче Мицевски, ја отпеа песната посветена на Турунџев – „Црно му било пишано“.

Next Post

Руски напад ја остави Одеса во мрак – десетици илјади без струја, има повредени

ВЛЕН: Зошто Османи отиде кај Груевски во Унгарија – Албанците бараат одговор

Препорачани Вести

Новите EU-налепници покажуваат дека iPhone 17 Pro Max не е толку издржлив

4 months ago

„Стандард и Пурс“ со стабилен рејтинг за Македонија – Димитриеска-Кочоска ја поздрави оценката

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.