Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: Од ОУ „Битолски Конгрес“ започнуваме со имплементација на едносменско учење во Чаир

by Уредник
01.09.2025
in Uncategorized

Скопје, 1 септември 2025 година – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, го посети Основното училиште „Битолски Конгрес“ – Чаир по повод почетокот на новата учебна година.

Меџити, пред наставниот кадар и учениците на ова училиште, изјави дека првиот чекор кон европско образование во Чаир започнува токму од ова училиште, каде што од денес започна имплементацијата на едносменска настава.

„Денес, на првиот ден од учебната година, го правиме првиот конкретен чекор кон европско образование во Чаир: започнуваме со настава во една смена во ОУ ‘Битолски Конгрес’ – Чаир. Ова не е само најава – ова е реализација. Ова е доказ дека нашите проекти и ветувања имаат кредибилитет и тежина, и дека работиме сериозно, со план и одговорност“, изјави Меџити.

За децата, ова значи поквалитетна настава, интерактивни часови и проекти, повеќе спорт и култура, безбеден и мотивирачки амбиент, рече Меџити, и додаде дека за родителите ова значи гарантирана грижа и безбедност, помалку стрес и подобро планирање на работниот ден, како и редовна и транспарентна комуникација со училиштето.

„За наставниците, ова значи обука за современи методи, користење на дигитални алатки и инклузивни практики, јасна организација на работниот ден и стимулативен систем за резултати и професионален развој“, додаде Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити најави дека пилот-моделот во „Битолски Конгрес“ – Чаир ќе се прошири, според јасен календар, и во другите училишта. Во рок од четири години, Чаир ќе стане општина во која сите основни училишта ќе функционираат со едносменска и целодневна настава.

Next Post

Омерагиќ: Рекордна донација на спортска опрема за младите фудбалери

Интервју на Малинка Силјановска Николиќ за Denar.mk – Претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Препорачани Вести

Спречен голем инцидент во Нови Сад, полицијата приведе две лица

9 months ago
ВИДЕО: Застрашувачка борба на крузер и огромни бранови: Патниците паѓаа од силината на брановите, се било снимено на камера

ВИДЕО: Застрашувачка борба на крузер и огромни бранови: Патниците паѓаа од силината на брановите, се било снимено на камера

10 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.