Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска: Транспарентноста е темел на модерната демократија

by Уредник
02.09.2025
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека транспарентноста и отчетноста се основа на довербата во институциите и клучен елемент за стабилна демократија.

„Отворената власт е инструмент преку кој граѓаните имаат директен увид како се користат јавните ресурси, а институциите ја градат својата легитимност врз основа на довербата“, порача Божиновска.

Министерката нагласи дека управувањето со енергетиката, рударството и минералните суровини – сектори од стратешко значење за економскиот развој – мора да биде целосно отворено и достапно за јавноста. Министерството редовно објавува сите склучени договори за концесии и јавно-приватни партнерства на својата веб-страница, www.energy.gov.mk.

Дополнително, сите договори за експлоатација на минерални суровини и геолошки истражувања се јавно достапни, а воспоставена е работна група за нивно редовно ажурирање. Регистарот за јавно-приватни партнерства се надградува со нов електронски систем кој ќе опфати сите фази на проектите и ќе биде поврзан со Националниот систем за јавни набавки.

„Транспарентно, отчетно и достапно за јавноста – успехот во овие области се гради и се дели со граѓаните, од нив и за нив“, заклучи Божиновска.

Next Post

Слаб интерес на обврзничкиот пазар, вкупниот промет над 21 милион денари

Во Струга поднесени пет независни кандидатури за градоначалник и три советнички листи

Препорачани Вести

Црниот пантер повторно виден во Бугарија, алармот стигна и до Романија

5 months ago

Шокантна снимка: Дали Зеленски го опцу Џеј Ди Венс во Белата куќа?

11 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.