Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДЕТАЛНО ЌЕ БИДАТ ИСТРАЖЕНИ извештаите од АНБ од страна на ЈО ГОКК

by Уредник
03.09.2025
in Uncategorized
ДЕТАЛНО ЌЕ БИДАТ ИСТРАЖЕНИ извештаите од АНБ од страна на ЈО ГОКК

По насоки на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет во кој се спроведуваат дејствија за проверка на тврдењата за следење на премиерот, соопштија од ЈО ГОКК, нагласувајќи дека детално ќе бидат истражени и тврдењата во последните извештаи од АНБ.

Од Обвинителството, исто така, истакнуваат дека Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите.

– “Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките.”

Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон, потенцираат од Обвинителството.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски вчера изјави дека за случајот е информирано надлежното јавно обвинителство, не откривајќи детали колку лица биле опфатени со прислушувањето бидејќи станува збор за класифицирани документи.

За периодот кога е вршено прислушувањето, Христовски рече дека во 2019 година АНБ била сѐ, само не реформирана агенција. – “Повеќе било фасада од реформирана институција. Тоа што се случувало внатре било да една помала група составувајќи ја од еден поранешен директор и помала група вработени и тоа како имаме индиции дека ја злоупотребиле својата службена положба. За истото е известено надлежното јавно обвинителство и повеќе детали за ова не би можел да споделам, се со висока квалификација и се сензитивни, и не би сакале да нарушиме некој законски процес и воедно да попречиме процес кој е или би бил отпочнат од јавното обвинителство”, рече Христовски.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој бил следен во периодот кога бил опозициски лидер, рече дека ја остава работата да ја заврши обвинителството. Тој се надева дека оние што ја злоупотребиле службената положба во тоа време, ќе одговараат.

-“Очекувам овие глодари да завршат онаму каде што им е местото, позади решетки, еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ваквиот тип на агенции и ресурсите со кои тие располагаат”, изјави вчера Мицкоски.

Next Post
Кремљ: Се надеваме дека Трамп се шегува

Кремљ: Се надеваме дека Трамп се шегува

ВЛЕН: ДУИ и Јетон Шаќири го урнаа образованието

Препорачани Вести

Вкупен дневен промет од 26,16 милиони денари, стабилност на обврзничкиот пазар

3 days ago

Скопје-Кичево ќе добие модерна електрифицирана железничка линија

5 months ago

Популарни Вести

  • Сомнение за даночно затајување: Фирма и двајца управители во Струмица пред обвинителство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Храбри одлуки за стабилни јавни претпријатија и развој на Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил со намера удри во синагога во Бруклин, уапсен возачот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нелегални тутунски производи вредни 1,8 милиони денари откриени во малопродажба во Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.