Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лидл започна со изградба на маркет во Општина Аеродром

by Уредник
03.09.2025
in Uncategorized

(Скопје, 3.09.2025) – Лидл официјално ја започна изградбата на својот најнов маркет во општина Аеродром, којшто ќе биде со модерна архитектура и одржливи технологии. Новиот малопродажен објект ќе се протега на површина од 3 438 квадратни метри, со продажен простор од 1 200 квадратни метри, а за дополнителна погодност на потрошувачите, локацијата ќе има и 57 паркинг места. Ова е уште еден клучен чекор во планот за проширување на компанијата и нејзината мисија да ги направи висококвалитетните производи подостапни за потрошувачите во Северна Македонија.

Официјалниот почеток на изградбата со поставување на камен-темелникот се одржа во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и извршната претставничка на Лидл, Милена Драгијска-Денчева.

Премиерот Христијан Мицкоски го поздрави присуството на Лидл во Аеродром и изјави дека овој проект не е само почеток на изградба на еден обичен објект, туку почеток на едно ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, поголема конкуренција и со подобри услови за граѓаните. Тој нагласи дека особено е горд на фактот што компанијата прифатила да ја зголеми застапеноста на домашното производство и на македонските производи на полиците на Лидл.

„Тоа е од исклучителна важност, затоа што со тоа не само што се одржува локалната економија, туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро. Дополнително, македонски производи се наоѓаат на полиците на Лидл во околните земји. Во 2024 година извозот беше околу 5 милиони евра, а очекуваме оваа година, во неформален разговор со претставниците на Лидл, таа бројка да достигне и до 10 милиони евра и со време да расте. Тоа треба да биде инспирација и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на Лидл и да произведуваат според стандардите на Лидл“, рече Мицкоски.

Извршната претставничка на Лидл, Милена Драгијска-Денчева, изјави дека инвестицијата на Лидл низ целата земја е со долгорочен план за работа на македонскиот пазар и ја одразува посветеноста на компанијата кон раст и иновации. Нашите инвестиции на локално ниво претставуваат можност за наш придонес и поврзување со локалните заедници.

„Кога градиме нови маркети, ги следиме меѓународните професионални стандарди, а воедно соработуваме со локални компании, директно придонесувајќи кон домашната економија. Наскоро ќе ги отвориме вратите за жителите на Аеродром и на целата земја. Искрено се надевам дека со нашата работа ќе ја заслужиме вашата доверба и дека македонските граѓани ќе го изберат Лидл како претпочитана дестинација за секојдневно пазарење“ истакна Драгијска-Денчева.

Инвестицискиот план на Лидл во Северна Македонија вклучува изградба на регионален логистички центар во Речица, Куманово и маркети на повеќе локации низ целата земја.

Компанијата Лидл е дел од групацијата Шварц со седиште во Некарсулм, Германија, и е еден од водечките трговци со храна во Германија и Европа. Лидл моментално управува со околу 12 600 маркети и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382 400 луѓе.

Next Post

Адинг води по добивка, без активности на обврзничкиот пазар

Меџити ја претстави дигиталната платформа „Младите за Чаир“

Препорачани Вести

ПОЛИЦАЕЦ ПРИ СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА ОБЉУБИЛ ДЕВОЈКА ВЛЕГУВАЈЌИ Ѝ ВО КОЛА, Ѝ РЕКОЛ „ЈАС МОРА ДА ПИПНАМ“

Пензионер со моторна пила пресекол бандера – селото останало без струја и во страв!

8 months ago

Ѓорѓиевски вечерва ја претставува програмата, ВМРО-ДПМНЕ со старт на кампањата во Скопје

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.