Connect with us

Република

Брвеница добива нови улици – Мицкоски ја истакна посветеноста на локалната власт

Брвеница, 4 септември 2025 – Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Општина Брвеница, при што присуствуваше на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница и на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино.

Мицкоски изрази благодарност за посветената работа на градоначалникот на општината, нагласувајќи дека повеќе од 90 проценти од зацртаната програма се веќе реализирани.

„Ние како Влада, во рамките на проектот за финансирање на општините, поддржуваме проекти коишто ги изработи Општина Брвеница. Овие проекти се за сите граѓани, во сите населени места,“ изјави премиерот Мицкоски.

Посетата ја потврдува заложбата на Владата за континуирана поддршка на локалните самоуправи и подобрување на инфраструктурата за граѓаните.

Advertisement

Република

Овие места утре во Тетово и тетовско ќе бидат без струја

ЕВН Македонија најави планирани прекини во напојувањето со електрична енергија за утре, 11 декември 2025 година, на неколку локации во Тетово и тетовскиот регион. Прекините ќе траат од 09:00 до 14:00 часот, а ќе бидат опфатени следните места:

  • Село Одри – делови од населеното место ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати.
  • Тетово – дел од подрачјето на Попова Шапка, конкретно објектите што се наоѓаат во близина на одморалиштата на ЕВН.
  • Село Одри (македонско маало) – објекти лоцирани во овој дел повторно ќе бидат засегнати од прекинот.

Од компанијата информираат дека прекините се дел од редовните технички активности за подобрување на мрежата, а по завршувањето се очекува стабилизирано и подобрено снабдување.

Граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат своите обврски и да преземат соодветни мерки додека трае прекинот во напојувањето.

Continue Reading

Република

По децении најави, Тетово конечно добива Саат кула

До 2026 година треба да започне изградбата на Саат кулата во Тетово, проект што со децении се најавува, но никогаш не се реализира. Финансиската конструкција е обезбедена преку донациски грант од Општина Коња во Турција во вредност од околу 200 илјади евра, но засега нема прецизен рок за завршување на градбата. Меморандумот за соработка го потпишаа Општина Тетово и Националниот центар за конзервација.

„Претходно знаете дека имало неколку обиди, имало и обезбедување на финансиски средства од финансиски поддршки, но не се успеа да се реализира овој проект како дел од културното наследство. Обезбеден е донациски грант од Општина Коња. Верувам дека првите градежни активности ќе започнат во рамки на 2026 година“, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Директорот на Националниот центар за конзервација, Александар Јорданоски, вели дека Центарот веќе ги подготвува сите неопходни активности – од валоризација на културното наследство и проверка на досегашните документи, до целосна ревизија на проектната документација.

„Кон крајот на 2005 и почетокот на 2006 година започнаа археолошките истражувања, што е потребна законска постапка кога треба да започне реализација на ваков тип проект. Во 2016 година беше изработен проектот, беа дадени одредени забелешки и таму застана постапката“, истакна Јорданоски.

Саат кулата останува еден од најчесто ветуваните, но незавршени проекти во Тетово, како во претходните мандати, така и во мандатот на актуелниот градоначалник. Сега, со обезбедени средства и обновени процедури, општината очекува конечно да започне реализацијата.

Continue Reading

Република

Невзат Бејта повторно влегува во трката за Гостивар, овој пат под знамето на ВЛЕН

Невзат Бејта ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар на локалните избори закажани за 11 јануари 2025 година, дознава ТВ21. Поранешниот градоначалник, кој веќе има зад себе два мандати, ќе се обиде да го освои и третиот, овој пат под логото на коалицијата ВЛЕН.

Според информации од ТВ21, Бејта својата кандидатура ќе ја поднесе утре во текот на денот до Државната изборна комисија.

Да потсетиме, гласањето во првиот круг од локалните избори во Гостивар не го достигна законскиот цензус, поради што изборниот процес продолжува со повторување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг