Connect with us

Република

Тоневски за А1он: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

Пробиштип е мала, но динамична општина која се соочува со големи предизвици – од економска зависност и ограничени буџетски ресурси, до иселувањето на младите и потребата од нови инвестиции. Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, има долгогодишно искуство во јавната сфера како директор на „Булмак 2016“ и како градоначалник кој раководеше со општината два мандати. Во ова интервју тој зборува за својата визија за иднината на Пробиштип, за плановите за отворање нови индустриски зони и привлекување инвеститори, како и за решавањето на проблеми кои со години го оптоваруваат градот, како јаловишната депонија и недоволната патна поврзаност. Посебен акцент тој става на младите – на мерките за нивно задржување, создавање услови за сопствен дом и поддршка за нивните идеи и бизниси.

Веќе имате искуство од два мандати како градоначалник на општина Пробиштип. Кои се најзначајните предизвици со кои денес се соочува општината и што сметате дека недостасува за да напредува подобро?

Тоневски: Нашиот Пробиштип е мала општина, но со големо срце. Како една од помалите општини во државата, се соочува со ограничени буџетски приходи и силна економска зависност од неколку поголеми индустриски капацитети. За да обезбедиме одржлива финансиска стабилност – и за локалната самоуправа и за граѓаните, потребно е стратешко вложување во диверзификација на економијата. Значителен предизвик е и иселувањето од Пробиштип, проблем кој речиси целосно беше запоставен во последните неколку години. За надминување на овие предизвици, потребен е сериозен и системски приод кој ќе роди одржливи резултати на долги стази.

Клучен приоритет за сузбивање на овие предизвици е создавање на нови индустриски зони и привлекување свежи инвестиции кои ќе продуцираат нови работни места, а со самото тоа и зголемена конкурентност и повисоки плати. Покрај тоа, Пробиштип располага со значителни природни ресурси и потенцијали за развој на туризмот и земјоделството. Само со вистинско менаџирање, може да ја позиционираме општината како важен центар на мапата на економските и туристичките промотори.

Силен акцент ставаме на младите и затоа во изборната програма предвидуваме посебни поволности и мерки за задржување на младите во општината. Нема да е лесно, но со отворена врата и подадена рака кон граѓаните верувам дека изгубената доверба во институциите и целокупниот систем полека ќе се врати и заедно ќе ја градиме нашата иднина, во Пробиштип, каде што е домот.

Целото интервју може да го прочитате на a1on.mk

Република

Битола го одбележа Денот на својот заштитник: Литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битолски

Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.

По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.

Continue Reading

Република

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ТЕТОВО И СЕЛОТО ДОБРОШТЕ

Утре, 19 декември 2025 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од град Тетово и едно тетовско село.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улица 114 кај СИЗ во Тетово.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Доброште, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на старата џамија.

Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани интервенции со цел подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

Continue Reading

Република

Три децении пријателство: Македонија слави 30 години дипломатски врски со 14 земји

Во свечена атмосфера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес беа одбележани три децении од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со 14 земји, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Украина, Казахстан, Монголија, Азербејџан, Литванија и Израел.

Свои обраќања на настанот имаа заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, како и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Во своето обраќање, заменик министерот Димитровски истакна дека денес се слави „триесетгодишно патување на просперитет и взаемно почитување“ кое започнало во 1995 година. „Во тие рани години на нашата независност, секое воспоставување на дипломатски односи беше вистински камен-темелник во градењето на нашата државност. Тие први чекори го одбележаа нашиот непоколеблив пат кон западноевропските вредности и нашите аспирации за интеграција во евроатлантското семејство“, нагласи Димитровски.

Свечениот настан беше прилика да се потсети на значењето на долгорочната соработка и пријателството меѓу Република Македонија и земјите партнери, како и на заедничките вредности кои ги градат меѓусебните односи во изминатите три децении.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг