Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување

by Уредник
05.09.2025
in Uncategorized

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади.

„Ако некои трупи се појават таму, особено сега за време на воените операции, полазиме од фактот дека тоа ќе бидат легитимни цели за уништување“, изјави Путин на економскиот форум во Владивосток. Тој додаде дека доколку се донесат одлуки што ќе доведат до долгорочен мир, тогаш „нема никаква смисла од нивното присуство во Украина, точка“.

Оваа изјава следи ден по настапот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој објави дека 26 земји се обврзале да ѝ обезбедат поствоени безбедносни гаранции на Украина, вклучително и присуство на меѓународни сили на копно, море и во воздух.

Иако Макрон не прецизираше кои држави ќе испратат војници, познато е дека Франција и Велика Британија се дел од иницијативата. Од друга страна, Германија најави зголемување на издвојувањата за обука и вооружување на украинската армија, но испраќањето војници ќе се разгледува дури по постигнување јасни услови за мир. Италија и Полска веќе соопштија дека нема да испраќаат воени контингенти.

Хрватска, иако членка на таканаречената „Коалиција на подготвените“ која брои околу триесет земји, меѓу кои Канада и Австралија, преку премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека хрватски војници нема да учествуваат во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека странските воени контингенти не можат да обезбедат гаранции за Украина и дека е потребна сериозна дипломатска работа пред да дојде до нова средба на највисоко ниво меѓу Москва и Киев.

Next Post

Скандал во Украина: Жито од Чернобилската зона завршувало во пекарници

Тетово со песни и игри го одбележа Денот на независноста

Препорачани Вести

Среќен роденден, Столе Димитриевски!

1 month ago
Претреси во неколку општини во Македонија – еве што се случува

Претреси во неколку општини во Македонија – еве што се случува

5 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.