Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЗНАМ најави двајца кандидати за градоначалници: Димитриевски во Куманово, Лабудовиќ во Центар

by Уредник
05.09.2025
in Uncategorized

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на претстојните локални избори ќе настапи со двајца кандидати за градоначалници, соопшти вечерва портпаролот Никола Мемов. Во Општина Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, а во Општина Центар кандидат е актуелниот заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ.

Мемов посочи дека на вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор на ЗНАМ била усвоена одлука за взаемна соработка со владиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ. Според договорот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во Куманово и Центар, додека ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во другите општини, вклучувајќи го и Град Скопје.

„На овие локални избори пристапуваме многу релаксирано, ослободени од каков било притисок за кандидирање на градоначалници во голем број општини по секоја цена“, изјави Мемов, додавајќи дека процесот за избор на кандидати во други општини сè уште е отворен.

Максим Димитриевски е магистер по правни науки и актуелен градоначалник на Куманово, додека Мирослав Лабудовиќ е магистер по електротехника и информатички технологии и актуелен заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

Next Post

Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром!

Корча – „Малиот Париз“ со урбанистички план од 1849 година

Препорачани Вести

Снусот го освојува средношколскиот двор: Никотинската закана што се шири меѓу младите!

8 months ago

Тетовец приведен поради агресивно однесување кон полицијата

12 months ago

Популарни Вести

  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.