Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Макпрогрес Винчини“ најави итна обнова: сите 500 вработени ќе се вратат на работа

by Уредник
07.09.2025
in Uncategorized

Фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница, која синоќа беше зафатена од катастрофален пожар, ќе ги обнови изгорените производствени линии и ќе ги врати на работа сите 500 вработени, потврди менаџментот на компанијата.

„Стихијата беше огромна и предизвика големи штети, но од денес започнуваме активности за итна обнова на производството. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони“, изјавија од „Макпрогрес Винчини“ за штипската ТВ Стар.

Во пожарот целосно изгореа три производствени погони, два магацини и административниот дел од фабриката. Според првичните проценки, штетата е милионска, а точниот износ ќе се знае по увидот на осигурителните компании.

Стопанската комора најави формирање кризен штаб заедно со сопствениците на фабриката, со цел побрза нормализација на состојбите. „Вчеравечер околу 19:20 часот сопственикот на фабриката, Глигор Цветанов, нè извести за пожарот. Веднаш беше алармирана Владата и надлежните институции, но три клучни погони се уништени. Сепак, ќе преземеме мерки за што побрзо стабилизирање“, се наведува во соопштението.

„Макпрогрес Винчини“ е една од водечките компании во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија со извоз во 55 држави. Лани, вредноста на извозот изнесувала 35,8 милиони евра.

Во пожарот беа повредени 18 лица, меѓу нив пожарникари и вработени, кои беа пренесени во болниците во Кочани, Штип и на клиниките во Скопје. Министерството за здравство соопшти дека сите се во стабилна состојба.

Next Post

Македонија со офанзивна постава против Лихтенштајн

Исчезната жена од Кичево – МЗ Белица апелира за помош од граѓаните

Препорачани Вести

Спринтери, маратонци и локални производители – новата енергетска формула на Европа

4 months ago

Тоа е љубов: Салах одбил половина милијарда евра само за да остане на „Енфилд“

10 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.