Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Украина: Русија со рекорден напад врз повеќе градови, погодена и владината зграда во Киев (ФОТО)

by Уредник
07.09.2025
in Uncategorized

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека минатата ноќ Русија извршила масовен напад врз повеќе украински градови, во кој загинале најмалку две лица – 32-годишна жена и нејзиниот двомесечен син, а повредени се повеќе од 20 лица.

Нападите, според украинските власти, претставуваат „нов антирекорд“ со повеќе од 800 лансирани дронови и ракети врз цивилни цели. Првпат од почетокот на војната, на 24 февруари 2022 година, е оштетена и зградата на Владата во Киев.

Покрај главниот град, цел на нападите биле и Кременчук, Днипро, Криви Рог, Запорожје и Одеса, каде што се пријавени значителни оштетувања на инфраструктурата и станбените згради.

Украинската дипломатија обвини дека наместо да се приклучи на мировните напори и да прифати лидерска средба, Москва продолжува со зголемување на бројот на жртви.

„Секој ваков напад е можен затоа што Русија сè уште располага со средства за водење војна. Потребни се разорни санкции, максимален притисок и уште посилно зајакнување на украинските одбранбени капацитети. Нема повеќе време за чекање“, порача Министерството за надворешни работи на Украина.

Next Post

Тешка несреќа во Германија: Покрив на супермаркет се урна, има повредени

Протести во Лондон - Стотици уапсени

Препорачани Вести

Пронајдено оружје и муниција во Гостивар, приведено едно лице

Пронајдено оружје и муниција во Гостивар, приведено едно лице

8 months ago
Смртна казна за мито: Кина егзекутира поранешен директор

11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

3 days ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.