Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека синоќа во 20:39 часот е регистриран земјотрес со епицентар во кичевското подрачје, на околу 75 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот имал Рихтерова локална магнитуда од 2.7 степени, а бил почувствуван во Кичево, Охрид и нивната околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.








![Се уште доминира: Меси со неверојатен гол од слободен удар [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-25-122325.png)

