Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Алиу: Формиран Здравствен совет за стручна и научна поддршка на здравствените политики

by Уредник
10.09.2025
in Uncategorized

Денеска во Министерството за здравство се одржа првата конститутивна седница на Здравствениот совет, на која присуствуваше министерот за здравство, Азир Алиу.

Здравствениот совет, како советодавно тело на министерот согласно Законот за здравствена заштита, е составен од девет еминентни професори и доктори на науки во различни специјалности, меѓу кои се и меѓународно признати експерти со богата стручна биографија.

„Целта е Здравствениот совет континуирано да ги анализира прашањата од областа на здравството, да дава стручни мислења и предлози при подготовката на закони и подзаконски акти, како и поддршка во различни области од делокругот на Министерството. Денешната дискусија беше иницијална, за повеќе аспекти кои во наредниот период советот ќе ги анализира. Уверен сум дека ќе имаме успешна и плодна соработка“, изјави Алиу.

Членови на Здравствениот совет се: проф.д-р Сашко Кедев, проф.д-р Марија Срцева, проф.д-р Азис Положани, проф.д-р Виктор Камнар, проф.д-р Светозар Антовиќ, проф.д-р Игор Кафтанџиев, прим.ас.д-р спец. Фадил Цана, спец.д-р Злате Мехмедовиќ и доц.д-р Илир Вела. За претседател на советот е избрана проф.д-р Марија Срцева.

Next Post

Владата вложи 12 милиони евра за развојни проекти во Гази Баба

Завршена изградбата на новата водоводна линија на ул. „Сру“ во Битола

Препорачани Вести

Германски воз запрен поради екстремна нечистотија во вагоните

Германски воз запрен поради екстремна нечистотија во вагоните

8 months ago

Активни пожари во Берово и Куманово, екипи на терен ги контролираат огнените линии

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.