Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Една друга Грција“ – вистината за колективната траума на Македонците

by Уредник
10.09.2025
in Uncategorized
„Една друга Грција“ – вистината за колективната траума на Македонците

Книгата на Мартин Ванцес објавена во Франција, која гласно одекна во Европа

Таа (авторката) е родена во предградие на Париз од татко Македонец по потекло од Грција, кој избегал од диктатурата на грчката хунта. Мајка ѝ била Бретонка. Во своето дело, авторката размислува за историјата на своето семејство и условите на егзил и за „една друга Грција“ (сурова, безмилосна, брутална и недемократска), на која како таква долго ѝ се прогледува низ прсти од нејзините сојузници во Европа на сметка на едно малцинство. Но таа „друга“ Грција во книгата на Мартин Ванцес повторно се појавува како нешто потиснато и веќе предизвикува силен одек

„Затоа што ништо не се променило“! Со оваа реченица, изговорена од нејзиниот татко, етнички Македонец од Грција, како единствено објаснување за неговото конечно раскинување со родната Грција и дел од неговото семејство, Мартин Ванцес долги години истражуваше како егзилот и превирањата на историјата ги обликуваат индивидуалните и колективните судбини

Книгата „Друга Грција“ (Une Autre Grèce) за судбината на Македонците протерани од Грција, која долго беше скриена и потисната тема, освен во Франција и Европа, би можело да има силен одек кај нашиот јужен сосед, откако беше издадена од угледната француска издавачка куќа „Л’арматан“ непосредно пред нашиот празник 8 Септември, минатата недела. Станува збор за дело на психоаналитичарката и писателка Мартин Ванцес, која има македонско потекло, напишано со придонес на антропологот Галиа Валчинова и на истакнатиот борец за човекови права на Македонците во Грција Павле Воскопулос.

„Затоа што ништо не се променило“. Со оваа реченица, изговорена од нејзиниот татко, етнички Македонец од Грција, како единствено објаснување за неговото конечно раскинување со родната Грција и дел од неговото семејство, Мартин Ванцес долги години истражуваше како егзилот и превирањата на историјата ги обликуваат индивидуалните и колективните судбини. Нејзиното искуство, како и искуството на грчките Македонци од регионот на Лерин, ја илустрира нејзината дискусија за тишините, внатрешните прогонства, срамот и обновената енергија карактеристични за оние што се заборавени од историјата.

„Другата Грција“ всушност е вистинската (далеку од демократска) природа на Грција

Родена во предградие на Париз од татко Македонец по потекло од Грција (кој избегал од диктатурата на грчките полковници) и мајка Бретонка, авторката размислува за историјата на своето семејство и условите на егзил и за една „друга Грција“ долго игнорирана од нејзините сојузници во Европа на сметка на едно малцинство. Но таа „друга“ Грција во книгата на Мартин Ванцес повторно се појавува како нешто потиснато и предизвикува силен одек. Оние што биле губитници на историјата и нивните потомци, жртви на историските бруталности, како го живеат својот внатрешен егзил? И какво наследство имаат егзилантите однадвор, оние што биле лишени од наследството од доминантните сили.

Друга Грција, бидејќи не е конвенционалната Грција, онаа што самата се прикажува со Партенон во заднина, островите што пловат на Егејско Море и Одисеј на чело. Тоа е Грција што е полугрчка, онаа на границите, последната интегрирана во грчката држава во 1913 година по две таканаречени балкански војни и распаѓањето на Отоманската Империја.

Тоа е побалканска Грција со природна средина што е сè уште многу силна, малку припитомена и лузните од историјата се сè уште видливи и активни. Тоа е дел од Македонија каде што мешавините на населението што ја сочинуваа Грција секако се поизразени отколку на други места и кој беше центар на Грчката граѓанска војна меѓу 1946 и 1949 година. Оваа особено убиствена војна ја спротивстави владината армија поддржана од Англичаните, а потоа и од Американците, против Демократската армија што ја држеше Грчката комунистичка партија, која се спротивстави на враќањето на кралското семејство во Грција. Демократската армија инсталирана во грчка Македонија и Епир вклучуваше во своите редови многу „славофони“ (термин што таму се користи наместо Македонци), симпатизери на комунистите, доброволци или не. Борбите во овие региони предизвикаа многу жртви во двата табора, но што се однесува до Демократската армија, отпорот… Грците и населението на нашата друга Грција претрпеа многу човечки загуби, илјадници луѓе во затвор и десетици илјади принудени да бидат во егзил доживотно (до 1982 година за многумина), а да не ги спомнуваме оние протерани од нивните уништени и запалени села.

Целиот текст на Нова Македонија 

Next Post
Европа конечно се разбуди од зимскиот сон: Фон дер Лајен најави строги санкции за Израел

Европа конечно се разбуди од зимскиот сон: Фон дер Лајен најави строги санкции за Израел

Протести во Франција: најавена „општа блокада“ на земјата

Протести во Франција: најавена „општа блокада“ на земјата

Препорачани Вести

Трамп удира со 250% царини – која економија ќе колабира?

10 months ago

Ѓорѓиевски: Убеден сум во победа на изборите уште во првиот круг

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.