Connect with us

Балкан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН во Болзано

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано во Јужен Тирол, Италија домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на Федералната унија на европски националности (ФУЕН).

Изминатите десет години, од кога сме рамноправна членка на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) редовно учествува на сите Конгреси и други активности. Ќе учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија, информираше за Македонски весник “Илинден” Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана.

Оваа есен Болзано во Јужен Тирол ќе стане место за средба на европските малцинства, на 69-от годишен конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН)  во главниот град на автономната покраина Болцано – Јужен Тирол во северна Италија. Се очекува да присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Домаќин на овогодинешниот конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) е Јужнотиролската народна партија. Како чадор за етничките групи, ги застапува интересите на населението што зборува германски и ладински во Јужен Тирол, регион познат низ цела Европа по својата јазична и културна разновидност. Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на Федералната унија на европски националности (ФУЕН).

„За нас е големо задоволство што уште еднаш ќе бидеме домаќини на овој важен собир по 2013 година. Јужен Тирол, кој често се нарекува „мала Европа во Европа“, стои како ниеден друг регион за културна разновидност и жива мултијазичност“, вели Даниел Алфрајдер, потпретседател на ФУЕН, како и заменик-гувернер на Јужен Тирол.

Организирањето и спроведувањето на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН)  е поддржано од германското Сојузно Министерство за внатрешни работи врз основа на резолуција на германскиот Бундестаг.

Според него Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) годинава одбележува 75 години постоење, и понатаму “останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа”.

Значи, оваа прослава, како што е нашата заедничка констатација, нека биде не само за она што Федералната унија на европски националности (ФУЕН) го постигна за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа, и да ја искористиме истрајноста како инспирација за тоа, посочи Ѓурѓај.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и Резолуци за положбата на македонското малцинство во Република Албанија.

Advertisement

Балкан

Заглавен европскиот пат: БиХ останува без одлука за старт на преговори со ЕУ

Советот на министри на Босна и Херцеговина денес не успеа да донесе одлуки што би овозможиле отворање на преговорите за членство со Европската Унија пред седницата на Европскиот совет закажана за 18 и 19 декември. Причина за тоа беше повторното одбивање на министрите именувани од Милорад Додик да се дискутира за два клучни реформски закона.

На дневниот ред, објавен минатата недела од претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, беа предлог-законите за Судот на БиХ и за Високиот судски и обвинителски совет, како и одлуката за формирање канцеларија на главниот преговарач со ЕУ. Сепак, по ултиматумот од министрите за надворешна трговија и за финансии, овие точки воопшто не беа разгледувани.

Тие се заканија дека ќе го блокираат дневниот ред доколку се отвори расправа за реформските закони, што практично би значело и неодржување на седницата. Поради тоа, Кришто ги повлече спорните точки, а Советот разгледуваше само помалку значајни информации и технички прашања.

Властите на Република Српска не ги прифаќаат нацрт-законите подготвени од Министерството за правда, иако тие се изработени согласно препораките на Европската комисија. Дополнително, инсистираат главниот преговарач со ЕУ да доаѓа од СНСД, барање што партиите од бошњачко-граѓанскиот блок категорично го одбиваат.

Засега нема најава кога клучните реформски закони ќе се најдат повторно на дневен ред на Советот на министри или во државниот парламент. Сè поизвесно е дека Босна и Херцеговина ќе ја дочека 2026 година без јасна перспектива за започнување преговори со Европската Унија.

Иако земјата доби условно зелено светло за отворање преговори уште во март 2024 година, оттогаш нема конкретен напредок. Заедно со Косово, БиХ во моментов се наоѓа на дното од процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

Граничниот премин Богородица од 18 часот попладнево е блокиран за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Засега, на преминот можат да влегуваат само товарни возила од Грција кон Македонија, додека излез од Грција е дозволен само за товарни моторни возила. Патнички возила и автобуси засега не можат да ја користат граничната линија.

Автомото сојузот апелира на внимателност и следење на сообраќајните информации пред патувањето кон граничниот премин Богородица.

Continue Reading

Балкан

Турски Ф-16 собори дрон над Црното Море 

Турските воени сили соборија неидентификуван дрон кој се приближувал кон турскиот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Објектот бил „надвор од контрола“, а соборувањето се извршило на безбедна локација, надвор од населени места, за да се избегне потенцијална штета.

Инцидентот се случува во услови на зголемени регионални тензии, по нападите на украинските поморски дронови врз руски танкери во близина на турскиот брег. Турските воздухопловни сили реагирале со подигање на ловци Ф-16 откако дронот бил детектиран.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги осуди украинските напади, оценувајќи ги како сериозна закана за безбедноста на пловидбата, човечките животи и животната средина. Министерството за одбрана не соопшти дополнителни детали за точната локација и времето на инцидентот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг