Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Осми Џез-фест во Тетово, три вечери со врвни уметници

by Уредник
11.09.2025
in Uncategorized

Во Тетово денеска започнува осмото издание на Џез-фест, кое ќе трае до 13 септември и ќе понуди три вечери исполнети со концерти на реномирани уметници од земјава и странство. Настаните ќе се одржуваат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ и во (Europe House), со почеток во 20 часот.

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во Јуроп хаус со настап на составот „Антисвинг“ (Antiswing), во кој членуваат тетовските музичари Вулнет Незири (обоа), Шкељзен Бафтиари (пијано), Фатон Стафаи (гитара), Александра Чуруковска (контрабас) и Кораб Хајдари (перкусии).

На 12 септември, во големата концертна сала на Центарот за култура, ќе настапат вокалистката Елина Дуни и гитаристот Роб Луфт, додека завршната вечер на 13 септември ќе ја одбележат Артан Бакија и Маркелиан Капидани (пијано), придружени од гудачки квартет.

„И оваа година фестивалот носи богата програма со реномирани уметници од домашната и меѓународната сцена, нудејќи три вечери исполнети со квалитетна музика и уникатна атмосфера. Џез фестивалот во Тетово се етаблира како важна културна платформа за промоција на џез музиката и за поттикнување културна соработка меѓу уметници од различни земји“, соопштија организаторите.

Ова издание на фестивалот е финансиски поддржано од Министерството за туризам и култура.

Next Post
Многумина ќе се изненадат: Што предвиде Баба Ванѓа за 2025 година?

Многумина ќе се изненадат: Што предвиде Баба Ванѓа за 2025 година?

Трамп: „Ова е мрачен период за Америка“

Трамп: „Ова е мрачен период за Америка“

Препорачани Вести

Сопругата на Османи за Бектеши: Немојте да мислите дека нашиот молк е слабост и ќе ви дозволиме да се скриете зад невините

10 months ago
Активисти на „Гринпис“ ја украдоа восочната фигура на Макрон и ја однесоа на протест пред руската амбасада во Париз

Активисти на „Гринпис“ ја украдоа восочната фигура на Макрон и ја однесоа на протест пред руската амбасада во Париз

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.