Connect with us

Балкан

Рама воведува министер за вештачка интелигенција: Револуција или ризик?

Премиерот Еди Рама го претстави составот на новата албанска влада, со значајни кадровски промени и новитети. Белинда Балуку останува потпретседателка на владата и министерка за инфраструктура и енергетика, додека Пиро Венгу продолжува во ресорот одбрана, а Петрит Малај за финансии.

На чело на Министерството за Европа и надворешни работи за првпат ќе биде жена, Елиса Спиропали, досегашна претседателка на Парламентот. Нови министерки се Делина Ибрахимај за економија, Бленди Гонџја за туризам, Мирела Кумбаро за образование, Евис Сала за здравство, Бесфор Ламалари за правда и Ервин Демо за локална самоуправа. Тони Гога ќе биде државен министер за односи со Парламентот, а новитет е и Министерството за вештачка интелигенција за јавни набавки, креирано со помош на вештачка интелигенција.

Половина од министрите се од претходната влада, дел трансферирани во нови ресори. По конституирањето на Парламентот, Еди Рама ќе го достави списокот на предложени министри до претседателот, кој ќе потпише уредба во рок од седум дена. Имињата потоа ќе бидат ставени на гласање во Собранието, заедно со презентирањето на програмата на новата влада со фокус на реформите за европска интеграција под слоганот „Албанија 2030 во ЕУ“.

На конститутивната седница на парламентот ќе биде избран и претседател на Парламентот, за што Рама го предложи поранешниот министер за одбрана, Нико Пелеши. Првата седница ќе ја води највозрасниот пратеник, социјалистот Васил Лајо, откако повозрасните опозициски пратеници од Демократската партија се воздржаа од тоа.

Advertisement

Балкан

Камери со вештачка интелигенција ќе ги фаќаат сите сообраќајни прекршоци во Грција

kamera

Во само четири дена, новите сообраќајни камери со вештачка интелигенција во Атина забележаа над 2.000 сериозни прекршоци, откривајќи ја моќта на технологијата во борбата за безбедни патишта.

На авенијата Сингро, една од камерите регистрирала повеќе од 1.000 прекршоци, меѓу кои користење мобилен телефон додека се вози и неносење безбедносен појас, јавува „Катимерини“. Во исто време, речиси 800 возачи биле фатени како ја надминуваат брзината на дел од патот со ограничување од 90 километри на час, додека 480 случаи на поминување на црвено светло ја покажуваат сериозноста на проблемот.

Минатата недела на осум локации е започната пилот-програмата, со висок ризик по препорака на грчката полиција, која е дел од пошироката кампања на властите за зголемување на безбедноста на патиштата.

„Ова е политичка одлука со јасна социјална цел. Целта е намалување на сообраќајните несреќи и спасување животи“, изјави министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу. Тој истакна дека акцијата не е само казнувачка, туку и предупредувачка: „Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и се спроведуваат на фер и современ начин.“

Камерите детектираат сериозни прекршоци како брзо возење, поминување на црвено, неносење појас, користење мобилен телефон при возење и нелегално користење на ленти за итни случаи. Возачите ќе бидат известени преку дигиталното поштенско сандаче на платформата gov.gr или преку електронска пошта, а жалбите ќе можат да се поднесуваат онлајн.

Властите веќе најавија планови за ширење на мрежата на 2.500 камери низ целата земја: 2.000 фиксирани на критични локации и 500 во јавниот превоз за контрола на автобуските ленти, со цел да се создаде „невидлива мрежа“ за безбедност на патиштата.

Continue Reading

Балкан

За католички Божик и Нова година без блокади: Границата со Грција се отвора

По повеќе од три недели протести и блокади низ цела Грција, земјоделците најавија дека привремено ќе ги отворат граничните премини и патиштата. Престанокот на блокадите ќе важи во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година, и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

Според грчките медиуми, овој потег е направен со цел туристите и граѓаните да можат непречено да ги реализираат своите планови за прослава на католичкиот Божиќ и Нова година во соседната земја.

Премиерот Кирјакос Мицотакис истовремено истакна дека голем дел од барањата на земјоделците веќе се исполнети. „Од листата со 27 побарувања, 16 се веќе задоволени или се разгледуваат позитивно. Четири се во процес на дискусија за да се најде решение, додека само седум не можат да се реализираат поради спротивност со европските регулативи или финансиска неизводливост“, објави Мицотакис на Фејсбук.

И покрај тоа, земјоделците не се откажуваат од својата борба. Протестите започнаа на 30 ноември со околу 60 блокади ширум земјата, вклучувајќи и клучни гранични премини.

Со оваа одлука, граѓаните конечно ќе можат да го поминат празничниот период без ограничувања, додека земјоделците продолжуваат да се борат за исполнување на своите незадоволни барања.

Continue Reading

Балкан

Тензии во Нови Пазар: Државниот Универзитет  отпушти 30 професори, студентите излегоа на протест поради таквата одлука

Вчера во Нови Пазар се одржа масовен студентски протест, откако Државниот универзитет донесе одлуки кои предизвикаа силни реакции кај академската и студентската јавност. Студентите излегоа на улица во знак на револт поради укинување на статусот редовен студент на околу 200 лица, како и отпуштање на 30 професори.


Според организаторите, отпуштените професори биле дел од академскиот кадар кој јавно го поддржувал студентското движење, кое започна по трагичниот пад на натстрешницата во Нови Сад.

Студентите оценуваат дека мерките на универзитетското раководство претставуваат притисок и обид за задушување на критичкиот глас во високото образование.
На протестот беа упатени барања за оставка на одговорните во управата на универзитетот, поништување на донесените одлуки и враќање на отпуштените професори, како и враќање на студентскиот статус на засегнатите студенти.


Протестот помина мирно, но со силни пораки дека студентите нема да се откажат од борбата за, како што велат, академска слобода, правда и солидарност. Организаторите најавија дека доколку не се исполнат нивните барања, протестите ќе продолжат и во наредниот период.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг