Connect with us

Свет

Украинците објавија снимка: “Погодивме руски брод”

Дрон на украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) ја погоди повеќенаменската бродска единица на Црноморската флота на Русија во близина на Новоросијск, предизвикувајќи значителна штета, соопштија украинските власти.

Бродот од серијата „Project MPSV07“ бил следен и погоден додека извршувал извидување и патролирање во Новоросијскиот залив, во близина на Краснодарскиот крај, каде моментално се наоѓа Црноморската флота.

Украинските разузнавачи објавија црно-бела снимка на која се гледа моментот на ударот. „Како резултат на нападот, електронските разузнавачки системи на рускиот брод се уништени, а бродот е оневозможен и испратен на скапи поправки“, соопштија украинските власти.

Се наведува дека бродот, чија проценета вредност изнесува 60 милиони долари, бил пуштен во употреба во 2015 година. Според украинските извори, Русија поседува четири такви пловила, додека други извори тврдат дека постојат пет оперативни повеќенаменски спасувачки бродови од серијата „Project MPSV07“ и уште еден во изградба.

Едно од нив е „Спасател Демидов“, испорачан во 2015 година и регистриран во пристаништето Новоросијск. Според податоците од системите за следење на морски сообраќај, последната позната позиција на бродот била пред 77 дена, северно од рускиот полуостров Кола во Баренцовото море.

Во последните недели, украинските разузнавачи ги засилиле нападите врз руските воени објекти во регионот на Црното Море, вклучувајќи го и окупираниот Крим. Недавно биле погодени две радарски станици од руската противвоздушна одбрана на полуостровот.

Украина, според извори, со нападите со дронови и ракети успеала да уништи или оневозможи третина од руската Црноморска флота, меѓу кои десантниот брод „Цезар Куников“, патролниот брод „Сергеј Котов“, ракетната корвета „Ивановец“ и повеќе брзи десантни пловила.

Advertisement

Свет

Зеленски во божиќно обраќање: Украина се моли за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, и покрај војната, остануваат обединети во одбраната на својата земја.

Тој нагласи дека Бадниковата вечер е симбол на заедништво и припадност, иако војната се обидува да им го одземе чувството на мир, дом и семејна топлина. Зеленски истакна дека токму тие вредности денес се бранат – земјата, семејствата и правото на живот во мир.

Претседателот призна дека Божиќ доаѓа во исклучително тежок период и дека не сите граѓани вечерва се дома, ниту сите имаат дом. Сепак, подвлече дека Украинците, без разлика дали се во Киев, Одеса, Закарпатија или во близина на фронтот, го одбележуваат празникот заедно, како едно семејство.

Во обраќањето се осврна и на новите масовни руски напади во пресрет на Божиќ, со дронови и ракети, нагласувајќи дека и покрај тоа Украина опстојува.

Зеленски рече дека се моли за украинските војници, за враќање на заробените, за загинатите и за сите протерани, како и за оние кои, и во најтешките околности, не ја изгубиле Украина во себе.

„Се бориме за мир, се молиме за мир и го заслужуваме“, порача Зеленски, честитајќи им Божиќ на граѓаните со зборовите: „Христос се роди! Да го славиме!“.

Continue Reading

Свет

Смртоносна експлозија во јужна Москва: Загинаа двајца полицајци и уште едно лице

Двајца сообраќајни полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во јужниот дел на Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Инцидентот се случил рано изутринава на улицата „Елецка“, кога полициските службеници се приближиле до лице кое го сметале за сомнително.

Според официјалните информации, во моментот на интервенцијата била активирана експлозивна направа, по што следела силна детонација. Местото веднаш било обезбедено, а истражните служби започнале со преглед на снимки од надзорните камери и собирање докази.

Снимки прикажани на руските медиуми покажаа оградена зона со засилено полициско присуство, додека сведоци изјавиле дека експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време.

Инцидентот доаѓа само неколку дена по убиството на висок руски воен функционер, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој загина кога бомба експлодираше под неговиот автомобил во друг дел од јужна Москва. Руските истражители тој настан го окарактеризираа како можен атентат.

Руски претставници и воени коментатори веќе повикаа на остра реакција, оценувајќи дека станува збор за трет сериозен бомбашки напад во Москва во изминатата година поврзан со безбедносни цели.

Continue Reading

Свет

Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта

Проруската хакерска група „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за кибернападот врз Француската пошта, кој пред два дена го парализираше работењето на централните компјутерски системи. Нападот од типот ДДоС (DDoS) доведе до откажување на сите испораки на пакети и писма, како и прекин на онлајн банкарските плаќања.

Групата „Нонејм057“ е обвинета и за други напади во Европа, меѓу кои и нападот врз Самитот на НАТО во Холандија, кој се одржа во јуни оваа година.

Франција и нејзините европски сојузници го поврзуваат ваквото дејствување со т.н. хибридна војна на Русија, насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на поддршката за Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг