Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Живковски за „Призма“: Стан во Центар, во моментов, се продава од 2 400 до 3 000 евра за квадрат

by Уредник
11.09.2025
in Uncategorized
Живковски за „Призма“: Стан во Центар, во моментов, се продава од 2 400 до 3 000 евра за квадрат

Агенцијата за катастар, со години, не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ќе се овозможат реални податоци врз кои ќе можат да се креираат политики. По средбата со Славески, директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски најави дека регистарот наскоро ќе биде достапен

Цените на становите во најатрактивните општини вртоглаво растат, а речиси половина од купопродажбите се во готовина, откри неодамна гувернерот Трајко Славески – што отвори сомнежи дека недвижностите сè почесто се купуваат како инвестиција, а не за домување, што ја крева цената, пишува „Призма“.

Во исто време, Агенцијата за катастар, со години, не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ќе се овозможат реални податоци врз кои ќе можат да се креираат политики. По средбата со Славески, директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски најави дека регистарот наскоро ќе биде достапен.

Во интервју за БИРН, тој објаснува дека, сепак, нема да ја прикаже вистинската цена што се плаќа во моментов, бидејќи се темели на стари преддоговори, кога цените беа далеку пониски.

„Ние веќе имаме подготвен извештај за првиот квартал од годинава, кој деновиве ќе го објавиме, а наскоро подоцна и самиот регистар. Но, сакам да укажам на некои работи. Во последниве 18 месеци има скок на цените на недвижности за 50 отсто, а во некои случаи и повеќе во однос на претходниот период. Меѓутоа, кај новите станови, договорот што ние го имаме за овој период од годинава, е последица на преддоговор склучен пред две, три или четири години. Значи, сега во катастарот ни доаѓаат за упис згради што почнале да се градат на крајот на 2020/2021 година, зависи од големината на објектот и рокот за изградба“, вели Живковски.

Целото интервју прочитајте го на „Призма“.

Next Post
Денес е Црн Св. Јован – еве што никако не смеете да правите

Денес е Црн Св. Јован - еве што никако не смеете да правите

УШТЕ ГОРИ: Пожарот во „Дрисла“ не стивнува и покрај дождот

УШТЕ ГОРИ: Пожарот во „Дрисла“ не стивнува и покрај дождот

Препорачани Вести

Претседателката на Словенија бара проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан

8 months ago

Една од најтрагичните епохи за Македонците имаше голем одглас во Австралија

9 months ago

Популарни Вести

  • Од Кичево до Охрид ќе се вози низ галерии – Трајановски покажа како ќе изгледа новиот автопат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонреден состанок во Брисел: Европа се мобилизира по заканите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој заработи, а кој изгуби на Берзата? Топ 5 акции што ја одбележаа 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРИЈА: Најмалку 8 загинаа во лавини на Алпите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Гренланд не е толку голем како што изгледа: Вирално видео открива голема картографска заблуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.