Во Бугарија оваа година се забележува рекорден прилив на странски работници и на Бугари кои се враќаат од странство. Според експертот за човечки ресурси Георги Прванов, околу 60.000 лица се вратиле во татковината, а една третина од иселениците изразиле намера да се вратат под соодветни услови.
„Доколку овие луѓе се вратат, ефектот врз демографијата, пазарот на трудот и инвестициите ќе биде значителен“, истакна Прванов во емисијата „Во развој“ на Блумберг ТВ Бугарија.
Податоците од Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека само во првата половина од годината се издадени околу 23 илјади дозволи за странски работници, што е значителен раст во споредба со 34 илјади издадени за целата 2024 година. Најмногу се враќаат Бугари од Северна Европа, вклучувајќи Германија, Велика Британија, Франција и Холандија.







![Само Лавров вака може да се појави во Америка на состанок со Трамп [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/08/screenshot-2025-08-15-110656.png)
![[ФОТО] Клоши Кардашијан е подготвена да го прекине целибатот само за еден маж: Го обожава и Џенифер Лопез](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-13-201054.png)
