Мајка и ќерка приведени по физичка пресметка во Кавадарци
Во Кавадарци синоќа е нарушен јавниот ред и мир поради меѓусебна физичка пресметка меѓу мајка и ќерка, информира Секторот за внатрешни работи – Велес.
Според СВР – Велес, полициски службеници од ОВР – Кавадарци во 21 часот ја привеле Ј.Ч., 38-годишна жителка на Кавадарци, по претходна пријава дека таа и нејзината 65-годишна мајка О.А. пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир.
Од СВР нагласуваат дека Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници кои постапувале по пријавата. Таа е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави.







![Шокантна снимка од убиецот на Чарли Кирк: Еве како избегал [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/09/screenshot-2025-09-12-124728.png)


