Connect with us

Спорт

Борко Ристовски: „Голема благодарност до сите учесници на Скопје 2025“

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, во Скопје се одржа Првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“, на кој Македонија се покажа како центар на регионалната соработка во спортот.

На самитот, кој се реализира под покровителство на Министерството за спорт, учествуваа врвни спортски и државни функционери од регионот. Присутните имаа можност да дискутираат за тоа како спортот може да ги обедини луѓето, државите и културите и да придонесе за здрава, современа и просперитетна заедница.

На отворањето присуствуваа вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, како и спортската легенда Горан Пандев, кој ја сподели својата инспиративна спортска приказна.

Првиот панел насловен „Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех“ ги обедини министрите за спорт од Србија и Црна Гора, Зоран Гајиќ и Драгослав Шќекиќ, заедно со македонските претставници, со цел да се промовира регионалната соработка и заедничка визија за иднината на спортот на Балканот.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна:

„Голема благодарност до сите кои беа дел од првиот регионален спортски самит Скопје 2025. Горди сме што ваков настан по прв пат се случува во Македонија токму под покровителство на Министерството за спорт! Покажавме дека имаме капацитет за обединување на регионот и промоции на политики кои можат да направат промени во спортот.“

Самитот „Скопје 2025“ е платформа за размена на искуства, градење нови партнерства и конкретни политики кои ќе ја унапредат спортската сцена во регионот.

Видеото може да го погледнете тука

Advertisement

Спорт

ВИДЕО: Димитриевски херој: Одбрани пенал во 119., па Валенсија ја нокаутира Картагена!

Валенсија со многу мака и драматични моменти избори пласман понатаму, откако по 120 минути фудбал успеа да го совлада второлигашот Картагена со 2-1. Херој на вечерта беше македонскиот голман Столе Димитриевски, кој со блескава интервенција во самиот финиш го задржа тимот во игра.

Картагена поведе во првото полувреме, кога Ортуно успеа да го совлада Димитриевски, па домаќините ја завршија паузата со водство од 1-0. Тоа резултатско преимуство траеше сè до 80. минута, кога Белтран погоди и донесе израмнување за Валенсија.

Кулминацијата на драмата се случи во 119. минута, кога Картагена доби пенал. Санчез шутираше, но Димитриевски со фантастична одбрана ја спаси својата екипа и го одржа резултатот жив. Само две минути подоцна, во 121. минута, Васкез одлично реагираше и погоди за конечни 2-1, обезбедувајќи победа и големо славје за гостите.

Димитриевски ја обележа вечерта со одбрана која директно ја смени судбината на натпреварот и уште еднаш потврди дека е еден од најсигурните голмани во Ла Лига.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Спорт

Млад талент од Австралија со јасна цел – Самуел Вртковски сака да игра за Македонија

Преку океанот, во далечна Австралија, расте нов македонски фудбалски потенцијал – 16-годишниот Самуел Вртковски, член на Macarthur Bulls, клуб што настапува во најсилната австралиска U16 лига. Иако се развива во сосема поинакво фудбалско опкружување, неговиот најголем сон останува ист: еден ден да го облече дресот на Македонија.

Роден во 2009 година, Самуел во септември ја прослави својата 16-та година. Настапува како дефанзивен играч за врска, позиција што ја покрива со голема сигурност, зрелост и техничка прецизност.

Младиот Вртковски веќе важи за играч со исклучително чувство за игра – одличен преглед, прецизни додавања и силна тактичка поставеност за своите години.

Неговите бројки оваа сезона го потврдуваат тоа:

Точност на додавања: 91% Добиени дуели: 2.9 по натпревар Пресечени топки: 2.3 по натпревар Успешни дриблинзи: 2.7 по натпревар Асистенции: 11 во сезоната

Со висина од 175 сантиметри, Самуел е физички подготвен и доминира во дуелите, што дополнително го прави атрактивен за секоја фудбалска школа.

Голема желба и на Самуел и на неговото семејство е во иднина да заигра за Македонија. Фудбалската фаланга постојано бара млади таленти ширум светот, а Вртковски несомнено е еден од нив.

Македонската фудбалска федерација би можела да обрне внимание на неговиот развој – а ако со својот квалитет ја заслужи шансата, воопшто не е невозможно во иднина да го видиме во црвено-жолтиот дрес.

Во коментарите под објавата се наоѓа и видео со најдобрите моменти од Самуел Вртковски.

Continue Reading

Спорт

Професор д-р Лука Поповски назначен за советник на министерот за спорт

Министерството за спорт информира дека министерот за спорт, Борко Ристовски, го именува професор д-р Лука Поповски за советник во својот кабинет. Со долгогодишно искуство во образованието, спортските политики и развојот на младите, проф. д-р Поповски ќе придонесе во креирањето и спроведувањето на стратешките приоритети на Министерството.

Професор д-р Лука Поповски работи како вонреден професор на Катедрата по општествени науки ( Педагогија на ФЗО и спорт, Педагошки предизвици во образование и спортот, Олимпизам) на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во својата долгогодишна кариера во областа на спортот, проф. д-р Поповски има значајно професионално искуство стекнато во Општина Ѓорче Петров, каде што работеше како советник за спорт во Секторот за нормативни работи и Одделението за јавни дејности. Во рамки на својата функција, тој ја следеше и анализираше состојбата во областа на образованието и предлага мерки за подобрување; ги следеше законските прописи од областа на локалната самоуправа, образованието и спортот и се грижеше за нивна примена; ги следеше меѓународните искуства во областа на образованието, младите и спортот и предлага иницијативи за нивна имплементација; учествуваше во проектни тимови за реализација на проекти за образование, млади и спорт.

Дополнитело, проф.д-р Лука Поповски подготвуваше проекти од областа на спортот, предлог-одлуки, програми и други прописи, учествуваше во подготовка на програми за организирање спортски настани и иницираше нови идеи за развој и промоција на спортот. Во рамки на Одделението за работа на градоначалникот, активно учествуваше во оценка и давање мислење за спортски проекти од значење за локалната заедница.

Лука Поповски е дипломиран професор по физичко образование и дипломиран тренер по спорт на Факултетот за физичко образование и спорт на УКИМ. Во 2009 година се здобива со титулата магистер по кинезиологија на Катедрата за теоретски и методски истражувања на ФФОС со одбрана на магистерскиот труд на тема: „Валоризација на спортско-рекреативни активности на планината Водно како природен и туристички потенцијал “.

Во 2014 година напредува во доктор на науки по кинезиологија, со докторска дисертација на тема: „Влијанието на социо-демографски карактеристики врз формирањето на ставот и мотивите кон физичка активност кај учениците од 11 до 14 годишна возраст“, а во 2024 се здобива и со звање доктор на науки од полето образование педагогија со одбрана на докторскиот труд на тема: „Дидактичко-методски модели во физичкото и здравствено образование во првиот воспитно-образовен период“.

Тој е автор и на повеќе научно-истражувачки трудови од областите кинезиологија, спортско образование и педагогија.

Како советник, проф. д-р Поповски ќе биде директно вклучен во креирањето на политики, развој на програми и следење на реформските процеси во националниот спортски систем.

Со именувањето на проф. д-р Лука Поповски, Министерството за спорт добива засилување кое ќе придонесе за поефикасни политики, стратешко планирање и унапредување на спортот на национално ниво.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг