Економија
За помалку од една недела започнува Викендот на сите викенди: Најголемото издание досега во Ровињ
Скопје, 12. септември 2025. – Уште само една недела нè дели од почетокот на Weekend.18, најголемиот регионален фестивал за комуникации, медиуми и бизнис.
Од 18 до 21 септември нè очекува полнолетното издание на фестивалот во кое под еден покрив се собираат шест тематски целини: Weekend.18, HR.Weekend, AI.Weekend, Finance.Weekend, како и премиерните изданија на Investment.Weekend и Energy.Weekend, а една влезница важи за сите.
„Од поскромни почетоци до денес, Weekend Media Festival еволуираше во клучна платформа за размена на идеи, инспирација и професионално вмрежување. Оваа година, со гордост го претставуваме најобемниата програма досега, кој вклучува и неколку нови фестивали, за да одговориме на растечките барања на нашата публика за подлабоки увиди и поширок тематски опсег,“ истакна Томо Рицов, директор на програмата Weekend.18 и сопственик на агенцијата Pepermint.
Борис Ковачек, директор на фестивалот и исто така сопственик на агенцијата Pepermint, додава: „Weekend не е само платформа за учење, туку место каде што се спојуваат луѓе, идеи и креативни решенија. Секоја секунда помината на фестивалот е прилика за раст, учење и создавање нови соработки.“
Критички пристап кон медиумите, индустријата и младите генерации
Weekend.18 и оваа година собира импресивни имиња. Лара Боро, CEO на The Economist Group, ќе зборува за улогата на медиумите во време на геополитички превирања, додека легендарниот американски новинар и автор Мајкл Волф ќе зборува за актуелната политика на претседателот Трамп. Наградуваната новинарка Мариана ван Зелер, авторка на серијалот Trafficked, ќе ја поведе публиката зад кулисите на глобалниот црн пазар, додека уредничката и водителка на RTL, Мојмира Пасторчиќ, ќе се осврне на женското преземање на информативната програма. Покрај нив, доаѓаат и бројни други говорници кои ќе отворат теми како националните стереотипи, феноменот на „хејтери“ во општеството и предизвиците на известувањето во доба на глобални кризи.

На Weekend сцената ќе настапат и Зоран Шпрајц, уредник и водител на „Состојбата на нацијата“ на RTL, Борис Јокиќ, психолог и директор на Институтот за општествени истражувања. Во разговорот за општествените и културните разлики во регионот ќе придонесат Драгoљуб Петровиќ, уредник на дневниот весник Danas, Анте Томиќ, писател и колумнист, како и кантавторот Зоран Предин.

На Weekend сцената пристигнуваат и Џејмс Тејлор, наградуван мотивациски говорник за креативност, иновации и вештачка интелигенција, Федерико Падерни, извршен директор за пазари во развој во регионот EMEA во X, Адриан Јежина, претседател на управата на Telemach, Пит Радовиќ, висок креативен директор и потпретседател на продукција во CBS Sports и Дамјан Рудеж, директор на Sunset Sports Festival, кои заедно со Хрвоје Крешиќ, ТВ репортер на N1, ќе ја поврзат темата спорт и лидерство.

Овагодишниот Weekend ќе опфати различни теми – од феноменот на најпопуларната тинејџерска серија во Хрватска, употребата на вештачка интелигенција во театарот, медиумската етика и општествените феномени до спортски стратегии, иновации на дигиталните платформи и кампањи за паметење – со што ја потврдува својата позиција како место на средба за знаење, инспирација и вмрежување.

Како HR гради доверба и лидери на иднината
HR.Weekend по трет пат носи увиди во трансформацијата на човечките ресурси и новите модели на работа. Илија Бониќ, претседател на секторот за кариери и директор на стратегија во Mercer, ќе зборува за иднината на талентите, додека Ален Премужак, бизнис-тренер и коуч, ќе открие зошто стратешкото размислување е клучно за HR. Аслі Октај, директорка за човечки ресурси во BAT Adria, ќе покаже како се развиваат талентите од јуниор ниво до лидерски позиции.

Прашањето за транспарентноста на платите ќе биде во центарот на разговорот меѓу Антонија Каповиќ, директорка за човечки ресурси во Bugatti Rimac, и Далиборка Штулиќ, сениор експерт за наградување и HR дигитализација во INA Група, со модерација од Нивес Раич од Ericsson Nikola Tesla. Дополнително, Тања Јурин, доцент на Филозофскиот факултет во Загреб и сексуална терапевтка, ќе зборува за романтичните односи на работното место, додека д-р. Борис Балент, спортски психолог на ГНК Динамо, ќе покаже што HR може да научи од светот на спортот.
Вештачката интелигенција во акција – креативност и етички предизвици
Второто издание на AI.Weekend ги собира најистакнатите имиња од домашната и регионалната AI сцена. Срѓан Ковачевиќ, коосновач и извршен директор на Orqa, Ервин Јагатиќ, директор на производи во Infobip, Божидар Павловиќ, партнер во Aymo Ventures, Алекс Бувач, CEO на Own.Solutions, Матеј Кухар, директор на секторот за data science во Aircash и Дина Храстовиќ, членка на управниот одбор на CroAI ќе зборуваат за конкретните примени на вештачката интелигенција и развојот на домашниот AI екосистем.
На сцената доаѓаат и глобални имиња: Лукаш Габлер, директор за јавни политики за Централно-Источна Европа во TikTok и Марек Бразина, раководител за инженеринг на клиенти во CEE во Google Cloud. Публиката ја очекуваат и Шил Мохнот, коосновач на Better Tomorrow Ventures, и Вишал Харнал, управен партнер во 500 Global – лидери кои ќе откријат како AI ги трансформира финансиите, инвестициите и глобалниот пазар.
Од инвестиции до енергија: примери и решенија од прва рака
Investment.Weekend ги собира глобалните инвеститори и лидери како што се Џорџ Јио, поранешен министер за надворешни работи на Сингапур, Луис Оганес, главен економист на J.P. Morgan, Мелк Бухер, менаџер за приватни инфраструктурни вложувања во Partners Group, Јоже Рант, CFO на Aircash, Виктор Додиг, претседател и CEO на Canadian Imperial Bank of Commerce и многу други.
Finance.Weekend се фокусира на модерните финансии и ESG иницијативи со практични студии на случај. Некои од говорниците се Мајкл Бојд, поранешен директор на ризницата на Apple, Матија Ковачевиќ, CFO на Hrvatski Telekom, Анита Лазовиќ, CFO на Orion Telekom, Матија Мандиќ, CFO на Telemach и Ивана Крајиновиќ, партнерка во EY.
Првиот Energy.Weekend Powered UP by E.ON носи решенија за енергетската транзиција, вклучувајќи обновливи извори, е-мобилност и нови бизнис модели. Предавањето на Корадо Колевиќ „Како изгледа светот во 2045 година?“ ќе го отвори фестивалот, а панелите „Производиме сопствена струја – и не, не сме хипи екипа powered by INA“ со Хрвоје Главаш од INA и Флавио Грегоровиќ од Valamar Riviera и „Електрана за 1 ЕУР. Каде е финтата?“ со Роман Шантар од TAPI и Томислав Вукмановиќ од E.ON ќе овозможат расправи за практични решенија и предизвици за индустријата и општеството.
Бизнис-разговори се водат и по полноќ
Покрај богатиот дневен програм, посетителите ги очекува и ноќниот дел поради кој Weekend со години ја носи титулата фестивал за паметење. Првата вечер ќе ја отвори Тихомир Поп Асановиќ со пријатели со jazz-fusion звук; петок носи спектакуларен настап на светската DJ ѕвезда Jax Jones и O-UNIVERSE party, додека во сабота The Swingers и легендарниот „90s party“ со Тајчи, Минеа, Илан Кабилио, Влатка Покос и Ивана Банфиќ ќе го забавуваат Ровињ до зори.
За полесно снаоѓање пред и за време на фестивалот, преземете ја апликацијата My.Weekend. Една влезница важи за сите фестивали, а целиот програм и повеќе информации се достапни на официјалната страница на фестивалот и преку социјалните мрежи Instagram, TikTok, LinkedIn и Facebook.
Економија
Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство
Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.
Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.
Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.
Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.
Економија
Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците
Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.
Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.
Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.
Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.
Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.
Економија
Од вечерва нова цена на дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.
Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Трендинг
-
Црна Хроника5 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Република5 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Македонија5 days agoСреќни вести за пензионерите: Еве кои ќе добијат 6.000 денари за празниците
-
Црна Хроника4 days agoПолициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци
-
Црна Хроника6 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Црна Хроника2 days agoИнцидент на „Маршал Тито“ во Тетово: Уапсен 18-годишник поради агресивно однесување кон полицијата
-
Црна Хроника3 days agoТепачка пред казино во Тетовско
-
Црна Хроника5 days agoБрутален напад во Тетово: Маж претепан од четири лица на улица















