Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Масовни протести „Блокирајте сè“ во Франција: немири и апсења низ големите градови

by Уредник
13.09.2025
in Uncategorized

Протестите под мотото „Блокирајте сè“ продолжуваат низ Франција, со најавени собири во Париз, Нант, Лион, Марсеј, Ница и други големи градови, објави „Фигаро“. Најмасовни демонстрации се очекуваат во западниот дел на земјата – Брест, Сен Брије, Оре, Ван, Гер, Рен и Фужер.

На 10 септември веќе беа одржани масовни протести против мерките за штедење предвидени во буџетот за 2026 година. Министерството за внатрешни работи информира дека околу 200.000 лица учествувале на стотици собири, додека редот го обезбедувале 80.000 полицајци.

Во повеќе градови дојде до немири. Во Нант и Монпеље демонстрантите блокираа патишта и палеа гуми, по што полицијата употреби солзавец. Во Тулуз пожар на железничките пруги предизвика прекини во сообраќајот, додека во Бордо група маскирани лица се обидела да блокира сообраќајници.

Во Париз, кај училиштето „Елен-Буше“, демонстрантите превртуваа контејнери и палеле огнови, а во Лион група успеала накратко да ја заземе железничката станица. Вчера полицијата уапси десетици лица кои се обиделе да блокираат универзитетски кампус во предградието Брон; станува збор за група од 50 до 100 маскирани лица вооружени со железни шипки и други предмети.

Многу демонстранти ја обвинуваат владата и претседателот Емануел Макрон за социјалните и економските тешкотии, изразувајќи незадоволство од предвидените мерки за штедење.

Next Post

ВИДЕО: Пожар и токсичен чад над Скопје – ДЗС го гаси огнот од воздух

ВИДЕО: Илјадници на протести во Лондон, полицијата на висока готовност

Препорачани Вести

Интервју со Даниел Наумовски, менаџер на фарма во Агриа: Држиме чекор со најсовремените фарми во Европа

9 months ago
Временска прогноза: Подгответе се за огромни промени, погледнете какво време не очекува во наредниот период

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за грмежи

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.