Connect with us

Македонија

Првпат во Македонија: Ласерска интервенција за аблација на варикозни вени достапна за пациентите

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која овозможува минимално инвазивен пристап и поставува нови стандарди во третманот на ова често здравствено заболување. Целата интервенција во процедурата за аблација на варикозни вени се изведува со ласер BioLitec и овозможува порамномерно и нежно третирање на варикозни вени.

Првите интервенции со овој апарат во поликлиниката Вита С во Скопје ги изведе Прим. д-р Игор Костов, субспецијалист васкуларен хирург, лекар со долгогодишно искуство во областа на васкуларната хирургија а во иднина ќе ги изведува и доц. д-р Никола Граматниковски. Со оваа врвна технологија, пациентите добиваат безбедна и прецизна интервенција која во најголем број случаи се изведува амбулантски, со минимална болка и со извонредни резултати.

Ласерската аблација претставува врв на современото третирање на варикозни вени. Наместо класичен хируршки засек и долга хоспитализација, новата технологија овозможува затворање на заболениот крвен сад со ласерски зрак, што значително го намалува ризикот од компликации и обезбедува побрзо враќање кон секојдневните активности. За пациентите тоа значи не само подобрување на здравјето, туку и подобар квалитет на живот, без големи лузни, без долг период на опоравување и со видливи естетски придобивки.

Досега, македонските пациенти беа приморани да патуваат во Белград, Словенија или Турција за да добијат ваков вид интервенција. Со воведувањето на апаратот на компанијата Biolitec, Македонија за првпат станува дел од европската медицинска мапа каде се изведува овој третман. Тоа значи огромно олеснување и за пациентите и за нивните семејства – пристап до квалитетна здравствена услуга дома, без дополнителни финансиски и логистички трошоци.

Со воведувањето на овој апарат, македонското здравство прави значаен исчекор кон модернизација и усогласување со светските медицински трендови. Пациентите конечно имаат можност да добијат третман по највисоки стандарди на светската медицина, овде, во сопствената земја.

Advertisement

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг