Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Русија со симулиран ракетен напад врз Полска: Искандерите распоредени во Калининград, под закана шест НАТО држави

by Уредник
13.09.2025
in Uncategorized

Русија спроведе симулација на ракетен напад врз Полска во рамки на големата заедничка воена вежба „Запад 2025“ со Белорусија, пренесува Defence Blog.

Сценариото предвидувало користење на балистички ракетни системи „Искандер“, стационирани во Калининградската област. Лансирните возила биле поставени директно на јавни патишта, со подигнати ракети подготвени за истрел, што довело до привремено затворање на сообраќајниците.

Со ваквата позиционираност, „Искандерите“ можат да погодат цели во шест членки на НАТО – Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Шведска и Германија. Според воените аналитичари, маневрите претставуваат тактичка проба на брзо распоредување и способност за удар врз потенцијални цели на територијата на Алијансата.

Западните експерти укажуваат дека „Запад 2025“ не е само обука, туку и форма на политички и воен притисок врз соседните држави. Во Полска ваквите маневри предизвикуваат особена загриженост, особено по последниот инцидент кога 15 руски дронови преминаа во полскиот воздушен простор, од кои само три биле соборени.

Москва инсистира дека вежбите имаат одбранбен карактер, но демонстрацијата на ракетни операции насочени кон НАТО земји се толкува како ескалација и предупредување. Присуството на „Искандер“ со можност за нуклеарно вооружување дополнително ја засилува вознемиреноста на источниот фронт на Алијансата.

Симулацијата врз Полска, клучна членка на НАТО во регионот, се смета за јасен сигнал за засилување на руската стратегија на психолошки и воен притисок.

Next Post

Експлозија во кафуле во Мадрид: 14 повредени, едно лице во тешка состојба

Русите ноќе доведоа 150.000 војници на фронтот, пробија во нов регион, но се соочуваат со големи проблеми на окупираните територии

Препорачани Вести

Во Германија започнува тестирањето на четиридневната работна недела

9 months ago

Мицкоски: Милост нема да има за никој, за уши од дома ќе ги вадиме

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.