Во саботата попладнето во скопското село Трубарево избувна пожар во објект на фирмата „Ф-Групација“, која се занимава со електронски отпад. Вечерва огнот се распламти и зафатил уште поголема површина, вклучувајќи два други објекти со големо количество пластичен отпад.
Поради пожарот, над населеното место се издига густ и црн, а многу веројатно токсичен чад, што претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните.
Како што неофицијално дознава Курир, управителот и сопственикот на погоните се приведени и се наоѓаат во полициска станица, додека понатамошните постапки ќе се вршат по насоки од Јавен обвинител.









![[ВИДЕО] Сообраќајна несреќа во Штип](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-06-164553.png)
