Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје ќе биде осветена на 28 септември

by Уредник
15.09.2025
in Uncategorized

Црквата „Свети Константин и Елена“ на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје ќе биде свечено осветена на 28 септември, информира Скопската епархија на Македонската православна црква. Осветувањето ќе го изврши Поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, во сослужение на архиереи, а меѓу поканетите се државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми и верници.

Изградбата на храмот започна во 2012 година и траеше 13 години поради финансиски предизвици. Средствата се собираа преку донаторски конференции, а поддршка даваа политичари, бизнисмени и владици. Особена помош за изработката на фрескоживописот обезбеди Кочо Анѓушев преку лична донација и преку компаниите во негова сопственост.

Црквата ја градеше компанијата „Бетон“, додека приватната болница „Ремедика“ го презеде преостанатиот долг од околу 3,5 милиони евра за да се заврши изградбата без финансиски тешкотии.

Храмот во текот на годините беше и предмет на контроверзии, вклучително и протести во 2013 година, а судската постапка се заврши во септември 2020 година. Со завршувањето и осветувањето, „Свети Константин и Елена“ се очекува да стане значаен духовен и културен објект во центарот на Скопје.

Next Post
Фридрих Мерц е избран за нов канцелар на Германија по драматичен втор круг гласање во Бундестагот

Германскиот канцелар едвај ги задржуваше солзите, неговиот говор се шири по социјалните мрежи: „Срам ме е поради ова…“

Медведев повторно со закани кон НАТО

Препорачани Вести

ВЛЕН: Пописот од 2021 беше измама – Уставниот суд ја исправи неправдата кон Албанците

7 months ago

По изборната победа, Јовановски најави: „Проекти, напредок и соживот во Кичево“

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.