Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Литванија обучува деца од 10 години за ракување со дронови поради заканата од Русија

by Уредник
16.09.2025
in Uncategorized

Литванското министерство за одбрана започна програма за обука на деца и возрасни за управување, составување и програмирање дронови, како дел од зајакнувањето на одбранбените способности на земјата. Првата од девет вакви училишта е отворена на границата со Русија, во близина на рускиот ексклав Калининград.

Заменик-министерот за одбрана, Томас Годлиаукас, истакна дека обуката има за цел градење на воени одбранбени способности, со оглед на соседството со Русија и Белорусија. Учениците и возрасните ќе се обучуваат да управуваат со видеодронови, квадкоптери и дронови со еднокрилен дизајн.

Во училишето во Таураге, 20 километри од Калининград, децата практикуваат виртуелни летови на компјутери, а наставникот Миндаугас Тамосаитис истакна дека учениците се ентузијастични и мотивирани, и покрај тоа што понекогаш дроновите се симулирано „урнуваат“.

Литванија како членка на НАТО побара од алијансата зајакнување на воздушната одбрана по инцидентите ова лето, кога два руски дрона прелетаа од Белорусија и паднаа на нејзина територија. НАТО минатиот петок најави планови за зајакнување на одбраната на источниот дел на Европа, два дена по инцидентот во Полска со оборени дронови.

Next Post

Малолетници нападнати и ограбени со закана од остар предмет во Скопје

Во продавница постариот модел на iPhone се продава по значително повисока цена од новиот: Ова е причината

Препорачани Вести

Голем пакет на акции на Тиквеш ќе се продава на берзанска аукција

Голем пакет на акции на Тиквеш ќе се продава на берзанска аукција

6 months ago

Коњановски: Со гордост ја одбележуваме 80-годишнината на ФК Пелистер

4 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.