Connect with us

Црна Хроника

Несреќа кај Козјак: 41-годишен мотоциклист удрил во домашно животно

На 15.09.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Хец  Козјак, 41-годишниот С.Д. од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во домашно животно. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

Црна Хроника

77-годишна жена жртва на измама – изгубила 8.000 евра!

Лишен од слобода измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
По преземени мерки и активности во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, тој е пронајден и лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.

Continue Reading

Црна Хроника

Подигнал 25.000 денари од туѓа картичка на банкомат – штипјанец под кривична истрага

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Е. (38) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите од полицискиот билтен, на 1 септември 2025 година, осомничениот без знаење и согласност на оштетената, искористил сѐ уште активна бесконтактна сесија од нејзината банкарска картичка на банкомат на банка. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, тој неовластено навлегол во банкарскиот систем и извршил трансакција, при што присвоил 25.000 денари.

По настанот, полицијата презела соодветни мерки, а против осомничениот е поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Акциска контрола во Тетово, затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца

На 17.12.2025 во периодот од 11:00 до 13:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без лиценца. При контрола на патничко возило ,,форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И.(67) од с.Камењане, тетовско, на ул.„Илинденска“ во Тетово, констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. Исто така, на ул.„Маршал Тито“ во Тетово затекнати се пет возачи вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган. Констатирано е дека Х.К.(48) од Тетово управувал патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки вршел јавен превоз без лиценца, како и Е.М.(49) од Тетово кој управувал патничко возило ,фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички, Б.Р.(71) од с.Брвеница, тетовско, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистерски ознаки, А.Д.(22) од с.Фалише, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и Ф.Б.(51) од с.Џепчиште, тетовско, кој управувал патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави член 284-а од Кривичниот законик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг