Connect with us

Црна Хроника

Семејна драма во Тетово – Полицијата морала да интервенира

На 15.09.2025 во 14:10 часот на улица ,,Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.Т.(39) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга, а подоцна во домот на нејзините родители се обидел да ги нападне нејзините брат и татко. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Advertisement

Црна Хроника

Паркинг расправија во скопско заврши со закани со оружје

Вербална расправија за паркинг место во скопското село Петровец прераснала во сериозен инцидент кога 41-годишен жител пријавил дека бил закануван со огнено оружје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18 часот, откако по претходно недоразбирање осомничениот најпрво се обидел физички да го нападне пријавителот, а потоа му упатил закани, споменувајќи и огнено оружје.

– Во СВР Скопје беше пријавено дека по расправија околу паркинг простор, едно лице упатило сериозни закани со огнено оружје кон пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Засега не е потврдено дали оружјето било покажано или употребено, а полицијата продолжува со прибирање докази и изјави од вклучените лица. Министерството за внатрешни работи најавува дека по завршувањето на истрагата ќе следи соодветна пријава против осомниченото лице.

Continue Reading

Црна Хроника

Организирана група дрвокрадци разбиена во кумановско-липковскиот регион

При заедничка акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција, Граничната полиција и СВР Куманово, во кумановско-липковскиот регион е разбиена поголема организирана група инволвирана во нелегална сеча и транспорт на огревно дрво во близина на границата со Косово.

Во рамки на акцијата, која се спроведувала неколку дена, одземена е поголема количина огревно дрво од повеќе локации, меѓу кои Злокуќани, Руница, Матејче и месноста Буково кај Белановце. Приведени се неколку косовски државјани, а запленето е и едно ТМВ комбе со фалсификувана документација.

Информацијата ја објави Кире Михаилов, заменик-директор на ЈП „Македонски шуми“, кој соопшти дека против повеќе познати и непознати сторители се поднесени соодветни пријави.

„Во добро координирана акција, со учество на Шумската полиција од Куманово, Граничната полиција РЦ Север и СВР Куманово, беше сузбиена група дрвокрадци која подолг период оперирала во регионот. Одземена е значителна количина дрвни сортименти, а во Матејче е конфискувано и комбе со фалсификувани документи“, наведува Михаилов.

На лице место во Буково приведени се три лица, косовски државјани, кои биле дел од организираната група и истите се изведени пред судија на претходна постапка. Проценките се дека материјалната штета од нелегалната сеча на конфискуваното дрво надминува 300.000 денари, додека вкупната штета што групата ја предизвикала во подолг период се проценува на неколку милиони денари.

Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе се спроведе и дополнителна истрага за евентуална поврзаност на поединци од шумочуварската служба со оваа организирана група.

Continue Reading

Црна Хроника

Полициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци

Вечерва во Штип се спроведува полициска акција. Според досегашните информации, во акцијата се лишени од слобода неколку полициски службеници.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека акцијата е во тек. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг