Connect with us

Спорт

Ристовски: „Игралишта за сите“ – насока на спортските капитални инвестиции, со видливи резултати

Скопје, 17 септември 2025 — На прашање за реализацијата на капиталните инвестиции (58% до септември 2025, наспроти 98% лани) и дали иселувањето на младите ќе значи дека нема кој да ги користи новите спортски терени, министерот за спорт Борко Ристовски во подкастот „ЕСПРЕСО“ на Лидер радио порача дека приоритет е создавање бесплатни и достапни спортски простори за сите граѓани.

„Се трудиме помладите да не заминуваат — сакаме да им создадеме услови да се бават со спорт и да бидат задоволни,“ рече Ристовски, додавајќи дека основните потреби за „нормално детство“ мора да се обезбедат со што повеќе јавни игралишта: „Овие спортски игралишта се направени за апсолутно било кој да ги користи.“

Како конкретен пример, министерот го посочи мини-спортскиот комплекс во ООУ „Кочо Рацин“ на ул. Водњанска, реализиран по петиција од родители. „Претходно на тој дел немаше деца. Сега таму има преку 200 деца, што значи дека нашата цел сме ја постигнале,“ изјави тој.

Ристовски нагласи дека целта е „што е можно повеќе децата да ги извадиме пред телефоните и компјутерите, да се бават со спорт и да се дружат,“ потенцирајќи дека токму затоа се градат мултифункционални игралишта — не само за деца, туку за целата заедница.

Според него, системско создавање вакви услови може да придонесе за намалување на одливот на младите од земјата: „Ако создадеме услови, тогаш можеме да го намалиме иселувањето на младите — тоа е нашата цел,“ порача министерот.

Advertisement

Спорт

Бразилецот Да Силва потпиша за Вардар – новитет во редовите на скопскиот гигант

Ракометниот клуб Вардар повлече значаен стратешки потег во пресрет на клучниот дел од сезоната. Жоао Педро да Силва (30) е новиот бек на линијата на „вардарци“. Неговиот ангажман, кој ќе трае две и пол сезони, е потврда за долгорочната визија на управата за враќање на врвот.

Стручниот штаб во Да Силва гледа профил на играч кој носи брзина, интелигентни решенија и потребна разновидност во офанзивата. Со оглед на тешките предизвици во Лига Европа кои следуваат во февруари и март, како и домашниот плеј-оф, Бразилецот доаѓа како клучно засилување во вистински момент. Неговата промоција во Скопје е закажана за почетокот на идната година, кога ќе бидат финализирани и последните детали од соработката.

Continue Reading

Спорт

Лоши вести за македонскиот ракомет

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање за вајлд-карта.

Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка, а тоа значи дека овие држави имаат една загарантирано место во Лигата на шампионите. Овие федерации можат да побараат и по две вајлд карти, а ЕХФ ќе додели осум „специјални покани“.

Во натпреварувањето од следната сезона ќе бидат 24 екипи, поделени во шест групи по четири, а дванаесет од нив ќе се пласираат во главната рунда. Другите 12 екипи ќе продолжат во 1/16 финалето од Европската лига.

Continue Reading

Спорт

По натпреварот – во полиција: Манасков приведен по напад врз тренерот на Охрид

manaskov

Суперлигашкото дерби меѓу Пелистер и Охрид заврши со победа за домашниот тим (29-25), но вистинската драма се случи по последниот судиски свиреж, кога спортската сала „Билјанини Извори“ се претвори во арена на неспортски инциденти.

Шокантни сцени го обележаа традиционалното поздравување меѓу играчите. Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, (33) – член на битолскиот тим, физички го нападна Крсте Андоновски, еден од помошниците во стручниот штаб на Охрид, предводен од Борис Ројевиќ.

СВР Охрид веднаш реагираше. Портпаролот Стефан Димоски потврди:

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар […] при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Хаосот не запре во салата. Според извештаите, ракометарите на Пелистер, во налет на бес, целосно ја демолирале соблекувалната на гостинскиот тим.

Атмосферата дополнително се вжешти на улиците на Охрид, каде навивачката група на Пелистер, „Чкембари“, била вклучена во физички пресметки, напаѓајќи локални охриѓани во самиот центар на градот.

Овој инцидент фрла мрачна сенка врз спортскиот дух и бара итна реакција од ракометната федерација. Се очекуваат жестоки казни за неспортското однесување, како на теренот, така и надвор од него.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг