Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Голем скандал во Куманово: Падна мрежа на царинска измама – вмешани и вработени во МВР!

by Уредник
18.09.2025
in Uncategorized

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „употреба на исправа со невистината содржина“ по член 380,  против Б.П.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б, против Д.З.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за „давање лажен исказ“ по чл.367  и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “ член 278-б и против К.П.(39), М.П.(37) , Д.М. (36), Д.С.(35), С.С.(40), М.М.(37) и М.М.(24), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б од Кривичниот законик. 

М.П. и Ф.Т. во текот на 2024 година се договориле Ф.Т. да наоѓа сопственици на моторни возила кои сопствениците со странски регистарски таблички ги управуваат на територија на државата и во соработка и договор со Б.П  ги наоѓале сопствениците и за половина од цената што треба да jа платат на име царински и други давачки за увоз на половни моторни возила М.П. ги регистрирала и внесувала во електронскиот систем на регистрирани моторни возила без да ги платат давачките за увоз на половни моторни возила, за сообраќајна дозвола, административни такси, такса за користење на регионални и локални патишта и надомест за издавање на регистарски таблички.

Ф.Т., користејќи го своето работно место, а откако претходно се договорил со Б.П. Д.З., К.П., М.П., Д.М., Д.С., С.С., М.М., и М.М., изготвувал електронски табели налик на табелата која се издава од Бирото за метрологија при издавање на хомологација за возила увезени од странство, во кои внесувал податоци за возилата.

Next Post

Бесен возач нападна пожарникари – службеното возило оштетено

„Кентаури“ – новите оклопни чудовишта на француската полиција за контрола на протести

Препорачани Вести

Поради пожар затворен дел од автопатот – сообраќајот пренасочен кон Петровец

7 months ago
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

8 months ago

Популарни Вести

  • Смртна казна за мито: Кина егзекутира поранешен директор

    11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.