Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ким Џонг Ун го изненади светот откако откри кој е најголемиот приоритет на Северна Кореја – Западот загрижен

by Уредник
19.09.2025
in Uncategorized
Ким Џонг Ун го изненади светот откако откри кој е најголемиот приоритет на Северна Кореја – Западот загрижен

Ким Џонг Ун: Приоритет е вештачката интелигенција

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го надгледуваше тестирањето на тактички дронови за напади, истакнувајќи ја потребата од унапредување на технологијата на вештачка интелигенција (AI) и зајакнување на оперативните способности на беспилотните летала, соопштија денес државните медиуми.

Ким вчера ги прегледа перформансите на дроновите, вклучувајќи тактички извидувачки дронови и мултифункционални беспилотни летала произведени од Институтот во рамки на Комплексот за технологија на беспилотна авијација.

Тестирањата потврдиле „извонредна ефикасност на тактичките јуришни дронови од серијата Кумсонг“ и нивната борбена применливост, со посебен акцент на воената вредност на овие дронови за надзор и стратегиско планирање, пренесе агенцијата Јонхап.

Ким истакна дека унапредувањето на вештачката интелигенција и оперативните способности на беспилотното оружје е главен приоритет во модернизацијата на севернокорејските вооружени сили.

Според неговите зборови, дроновите станале клучни средства во современото војување, а Северна Кореја планира понатамошен развој на овие технологии.

Медиумите истакнаа дека Северна Кореја неодамна извршила тестирања на „самоубиствени“ дронови опремени со технологии за вештачка интелигенција.

Според истражувачот Хонг Мин од Корејскиот институт за национално обединување, целта на Северна Кореја најверојатно е да покаже способност за извидување и напади на клучни воени цели, како што се радарски и противвоздушни бази, особено во контекст на актуелните воени вежби.

Next Post

Божиновска: Современата администрација почнува со развој на луѓето

Пристигнаа најлошите вести за Тајван – Трамп одби

Пристигнаа најлошите вести за Тајван - Трамп одби

Препорачани Вести

На полумаратон во Кина, за прв пат трчаа и роботи

9 months ago

Зеленски најавува илјадници странски војници во Украина – Путин со реакција

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.