Connect with us

Балкан

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, објави дека првата генерација регрути ќе започне со задолжителна воена служба од јануари наредната година.

Гашиќ посочи дека српската армија веќе подготвила повеќе од 120 објекти за сместување и обука на новите војници. Тој нагласи дека процесот е комплексен и финансиски тежок, но Министерството за одбрана веднаш започнало со изработка на сите потребни законски и подзаконски акти.

Според најавите, на есенската сесија на Собранието ќе биде предложен нов пакет закони за армијата, меѓу кои и закон за враќање на задолжителната служба.

„Очекувам дека првата генерација војници ќе започне со служба во периодот јануари–март,“ изјави Гашиќ.

Advertisement

Балкан

Албанија ја издаде првата предварителна лиценца за дигитална банка – „JET Bank“ ќе ја отвори новата ера на онлајн банкарството

Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија донесе одлука да ѝ додели прелиминарно одобрение за лиценцирање на „JET Bank“ (Фаза I), со што официјално се отвора патот за стартување на банкарски и финансиски услуги во целост управувани по дигитален модел. Албанските медиуми пренесуваат дека ова е прва ваква дозвола издадена во земјата.

„JET Bank“ има амбиција да стане прва банка во Албанија што ќе работи исклучиво преку дигитална платформа, комбинирајќи напредни технолошки решенија со едноставни, сигурни и клиентски ориентирани услуги.

Нивната мисија е да воведат современ пристап во банкарството, насочен кон брзи трансакции, висока безбедност и максимална достапност за корисниците – без потреба од физички филијали.

Со оваа одлука, Албанија прави значаен чекор кон модернизација на финансискиот сектор и позиционирање во регионалниот тренд на дигитализација на банкарските услуги.

Continue Reading

Балкан

Авион од Приштина слета надвор од пистата во Истанбул — сите патници евакуирани без повреди

Патнички авион на компанијата AJet, кој летал на релација Приштина–Истанбул, излета од пистата по слетување на аеродромот Sabiha Gökçen International Airport, но, за среќа, сите патници беа безбедно евакуирани и нема пријавено повредени.

Авионот — модел Boeing 737-800 со лет VF102 / TKJ76Q — по слетувањето, при рулирањето, излегол од патеката и запрел на мека земјена подлога покрај пистата. Причина, според авиокомпанијата, биле обилните врнежи кои ја направиле подлогата лизгава.

Според официјалното соопштение од Амбасадата на Република Косово во Турција, сите лица се евакуирани преку надворешни скали — без употреба на итни лизгалки — и мирно ја продолжиле својата патувачка траекторија.

Турските власти привремено ја затворија пистата каде се случи инцидентот, додека трае отстранувањето на авионот и проверка на безбедносната состојба, а надлежните институции започнаа истрага за причините што доведоа до излетувањето.

Иако настанот предизвика вонредни настани и загриженост, на крајот нема загубени животи — што е најважниот исход.

Continue Reading

Балкан

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг