Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија „BB+“ со стабилен изглед

by Уредник
20.09.2025
in Uncategorized

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи стабилен економски раст и кредибилни политики.

Во извештајот се нагласува дека макроекономската стабилност е поддржана од доследните политики, долгогодишниот фиксен девизен курс и подобрените показатели за управување.

Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП порасна за 3,2%, поттикнат од приватната потрошувачка и зголемениот извоз, а за целата година се очекува ист раст. За периодот 2026–2027 „Фич“ прогнозира просечен раст од 3,4%, над долгорочниот потенцијал од околу 3%.

Големите инфраструктурни проекти и процесот на евроинтеграции се препознаени како двигатели на развојот, додека недостигот на работна сила, нискиот раст на продуктивноста и демографските трендови остануваат предизвици на среден рок.

„Фич“ укажува на потребата од постепено намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг под 60% од БДП, иако имплементацијата на Законот за буџети е одложена поради засилените инвестициски активности.

Потврдата на „BB+“ со стабилен изглед, според Министерството за финансии, е силен сигнал до меѓународните пазари и инвеститорите дека земјата успешно ја зачувува економската стабилност и останува посветена на реформите и повисок животен стандард.

Next Post
Украинските сили изведоа удари длабоко во Русија – сериозни проблеми за Путин

Украинските сили изведоа удари длабоко во Русија - сериозни проблеми за Путин

Трамп размислува за продажба на оружје на Израел вредно речиси 6 милијарди долари

Трамп размислува за продажба на оружје на Израел вредно речиси 6 милијарди долари

Препорачани Вести

Извршителите лани наплатиле рекордни 160 милони евра

10 months ago

„БАЛКАНСКА УБАВИЦА“ ПРОТЕРАНА ОД АМЕРИКА

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.