Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Крај на дискреционото право на директорите во вработувањето на лекари

by Уредник
20.09.2025
in Uncategorized

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави укинување на дискреционото право на директорите на болници да вработуваат лекари од партиски списоци. Ова право редовно се злоупотребуваше, при што, и покрај официјалните конкурси и рангирања, директорите си ги вработуваа кандидатите од партиските листи.

Алиу во интервју за Агенда 35 на МРТВ истакна дека лично е против оваа практика и дека новите законски измени ќе го отстранат овој дискреционен елемент, со цел процесот на вработување да биде транспарентен и меритократски. „Докторот или медицинската сестра кои ќе бидат вработени, ќе бидат избрани според заслуги, а не според политичка припадност“, рече министерот.

Тој истакна дека и покрај можниот политички притисок, Владата е решена здравството да остане департизирано, бидејќи сите граѓани се потенцијални пациенти и професионализмот во системот е клучен.

Оваа иницијатива е резултат на повеќегодишна акција на граѓански организации и здруженија на млади лекари, кои преку дебати и интервјуа ги истакнаа проблемите со партискиот клиентелизам во здравствениот систем. Укинувањето на дискреционото право се смета за клучен чекор кон департизација и подобрување на квалитетот на здравствените услуги во Македонија.

Извор: solucija.mk

Next Post
Голем пожар избувна над Батинци – поради ветерот се шири со голема брзина

Голем пожар избувна над Батинци - поради ветерот се шири со голема брзина

Ѓорѓиевски: „Прво човек, потоа градоначалник – време е за ново Скопје“

Препорачани Вести

Вечерва се отвора нова постојана поставка во Националниот археолошки музеј во Скопје

5 months ago
Кривична против три лица за предизвикување пожар во викенд куќа во велешко

Измама од 1.800 евра за поправка на БМВ – парите не стигнале до механичарот

8 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.