Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити ја претстави новата фаза на порталот за јавни услуги: Модерна администрација, брзи и дигитални услуги за граѓаните

by Уредник
20.09.2025
in Uncategorized

Денес, на настан што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претставија новата фаза на порталот за јавни услуги, платформа која има за цел да стави крај на бирократијата и да ги приближи граѓаните до администрацијата преку технологија.

Новиот портал овозможува лесен и брз пристап до стотици јавни услуги, кои сега се достапни онлајн 24/7, на три јазици: , македонски, албански и англиски.

„Со само неколку клика од компјутер или телефон, граѓаните и компаниите можат да аплицираат, да плаќаат и да ги завршат потребните услуги без да одат на шалтер“, напиша Меџити.

Платформата опфаќа широк спектар услуги:

За граѓаните: изводи, уверенија, лични карти, патни исправи, услуги од катастар, итн.

За бизнисите: лиценци, уверенија за работен стаж и вработување, судски уверенија и услуги од Агенцијата за храна.

За студентите: апликација за ваучери за електронски уреди (лаптопи, компјутери), со следење на статусот на апликацијата во реално време, без чекање и редови.

Меџити истакнува дека оваа платформа е дел од визијата за модерен и ефикасен државен систем и најави дека наскоро и општина Чаир ќе ги дигитализира сите свои услуги, поставувајќи нови стандарди за општините во земјата.

„Ги повикувам сите граѓани, компании и особено студентите да се регистрираат на порталот и да го направат дел од нивната секојдневие, затоа што секоја административна услуга ќе ја добијат полесно, побрзо и попрозрачно“, вели Меџити.

Новиот портал за јавни услуги е конкретен чекор кон модернизација на администрацијата и интеграција во европските стандарди за достава на услуги до граѓаните.

Next Post

Еве колку чини облеката и накитот на Елена Ѓорговска

Владата ќе набави 100 нови амбулантни возила во следните две години

Владата ќе набави 100 нови амбулантни возила во следните две години

Препорачани Вести

Цените на нафтата продолжуваат да растат поради конфликтот меѓу Израел и Иран

Цените на нафтата продолжуваат да растат поради конфликтот меѓу Израел и Иран

7 months ago

Младо момче и девојка нападнати со нож и ограбени во Градскиот парк

1 month ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.