Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

by Уредник
22.09.2025
in Uncategorized

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијата Централ Азија Металс (CAML).

Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски операции. Тој поседува значајна техничка експертиза и силен оперативен фокус, стекнати во текот на работата и извршувањето високи раководни функции во повеќе рударски проекти низ светот. На пример, во компанија во Саудиска Арабија раководел со техничките функции на шест рудници и постигнал значително подобрување на оперативните перформанси. Како технички директор во компанија во Австралија предводел тим од над 30 инженери, геолози и геодети кои управувале со три подземни рудници за бакар, а ја извршувал и функцијата главен оперативен директор на компанија која управува со неколку подземни рудници и постројки за преработка на руда, исто така во Австралија.

Како генерален директор на Рудник САСА, Караматиќ ќе раководи и ќе биде одговорен за целокупното работење на САСА, обезбедувајќи ја на тој начин реализацијата на краткорочните и долгорочните стратешките цели кои се темелат на безбедно, ефикасно и одржливо производство. Меѓу другото, тој ќе биде одговорен и за надгледување на финалната реализација на капиталните проекти и продолжувањето на транзицијата кон нови рударски методи, кои треба да обезбедат понатамошен развој и технолошки напредок на рудникот.

„Импресиониран сум од сè што досега го видов во САСА, почнувајќи од професионалноста, стручноста и посветеноста на тимот, до постигнатите резултати во областа на безбедноста, условите за работа и благосостојбата на вработените, како и севкупниот технолошки напредок и односот кон животната средина. Имам исклучително позитивен прв впечаток. Сметам дека САСА е во одлична позиција да продолжи со идниот одржлив развој и верувам дека со заедничка работа со тимот на САСА и поддршката што ја добиваме од Централ Азија Металс, ќе продолжиме и понатаму да ја унапредуваме нашата целокупна работа, на начин кој создава вредност за сите – за вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница и националната економија“, изјави Џејми Караматиќ, по неговото назначување на функцијата.

Караматиќ добро го познава регионот, со оглед на неговите семејни корени кои потекнуваат од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Пoкрај успешната професионална кариера, тој е пасиониран велосипедист на долги патеки, риболовец и посветен татко на двајца синови.

Next Post

МБИ10 со раст од 0,15%, обврзничкиот пазар останува без активности

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите од испитувањето на почвата

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите од испитувањето на почвата

Препорачани Вести

ЕУ подготвена за контрамерки по најавата на Трамп за 30% царини на европски стоки

7 months ago
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за четврток – 28 август: Здравствени проблеми за еден хороскопски знак, финансиска добивка за друг

5 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.