Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

БРАКО-50 македонски комунални возила на улиците на Ријад

by Уредник
22.09.2025
in Uncategorized

 Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.


Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.

Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.

Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други  саудиски урбани центри.

БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа,  македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.

Видеото може да го погоеднете тука

Next Post
КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Искачувањето на Пелистер стана побрзо и побезбедно

Препорачани Вести

Делегација на МЕРМС во стручна посета на рудникот „Ада Тепе“ во Крумовград – пример за современо и одговорно рударство

4 months ago

На кавадарчанец од домот му украле 10 литри ракија !!!

8 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.