Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Брза лента со чекање: ЈПДП најавува решение за проблемите со М-ТАГ

by Уредник
22.09.2025
in Uncategorized

Во време на зголемен метеж на автопатите, возачите кои користат М-ТАГ уреди за електронска наплата на патарина сè почесто се соочуваат со доцнење наместо со привилегија. Причината е што на истите ленти, означени како „брзи“ за М-ТАГ, се врши и наплата со картички, што доведува до чекање и застој.

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за „Факултети.мк“ велат дека лентите со ознака М-ТАГ на пристапниот семафор се предвидени исклучиво за електронска наплата. Кога возачи со М-Кард или платежни картички се вклучуваат во тие ленти, настанува непотребно задржување.

– На сите електронски ленти има поставено читачи и за М-ТАГ уреди и за смарт-картички М-Кард, како и за платежни картички. Апелираме граѓаните да ги почитуваат ознаките. Во тек е пронаоѓање трајно решение за оваа проблематика – порачаа од ЈПДП.

Во моментов, наплатните станици во Тетово и Гостивар сè уште немаат електронска наплата, но според ЈПДП, тие наскоро ќе бидат модернизирани. Како дел од проектот за Коридорот 8, планирана е и реконструкција на патарината во Миладиновци со воведување електронски систем.

Од претпријатието информираат дека во тек е воспоставување малопродажна мрежа за надополнување на М-Кард и М-ТАГ уредите преку два избрани оператори, со што ќе се олесни користењето на електронската наплата.

Во првата половина од годинава од патарини се инкасирани 30,89 милиони евра, што е за 1,26 милиони евра повеќе од истиот период лани. ЈПДП бележи и сериозен раст на користењето на електронската наплата, а во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ досега се регистрирани над 5.000 македонски и 8.500 српски тагови.

Електронската наплата на патарина во Македонија е воведена во јули 2019 година, а на Коридорот 8 последни целосно дигитализирани станици се Глумово и Желино.

Извор: fakulteti.mk

Next Post

Димовски за МКД.мк Оската што недостасува: Патот за Битола е клучен национален приоритет

Хорор во Центар: Скопјанец ја нападнал мајка си и кршел предмети во семејниот двор

Препорачани Вести

Апсење во Скопје – МВР со детали

3 months ago
Дневен хороскоп за петок – 9 мај: Еден знак ќе добие понуда што не се одбива!

Дневен хороскоп за петок – 9 мај: Еден знак ќе добие понуда што не се одбива!

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.