Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Булмак 2016“ вработува рудари, машинобравари и електричари во рудниците „Злетово“ и „Тораница“

by Уредник
22.09.2025
in Uncategorized

Пробиштип, 22.09.2025 – Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, оператор на двата рудници „Злетово“ и „Тораница“, поради зголемување на производството бара нови работници. Со оглед на континуираната потреба од свеж кадар во компанијата, огласот ќе остане активен во текот на целата година.

Потребни се:

рударски работници,

машинобравари и

електричари.

Компанијата за сите вработени обезбедува превоз и топол или ладен оброк, а секој вработен добива и соодветна заштитна опрема. Работата се изведува во три смени (07:00 – 15:00; 15:00 – 23:00; 23:00 – 07:00), а трудот во ноќна смена, недела и празници се плаќа согласно законската регулатива. За новите кадри се предвидени обуки и можности за унапредување, со што компанијата настојува за своите вработени да обезбеди не само сигурност на работното место, туку и професионален развој.

Заинтересираните кандидати може да достават пријава на е-пошта office@bulmak2016.com.mk или лично во управната зграда на компанијата во Пробиштип, на улица „Јаким Стојковски“ бр. 2. За дополнителни информации на располагање е и телефонскиот број 032/441-300.

„Булмак 2016“ ДООЕЛ е дел од бугарската групација „Минстрој Холдинг“ и ги управува двата рудници за оловно-цинкова руда во земјата, „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Со повеќе од 700 вработени, компанијата е еден од најзначајните работодавачи во источниот регион.

Годишното производство во рудниците под управување на „Булмак 2016“ изнесува над 600.000 тони руда, што значително придонесува за извозот на олово и цинк од Македонија. Рудникот „Злетово“ е воедно и најстариот рудник во земјата, со долгогодишна традиција која претставува дел од индустриското и културното наследство на регионот.

Рудниците претставуваат столб на локалната економија и важен извор на приходи за општините, а компанијата активно инвестира во заштита на животната средина и во подобрување на условите за своите вработени.

Next Post

Трагедија во Тетово: Почина седумгодишно девојче

Ким Џонг Ун: Северна Кореја набави ново тајно оружје

Ким Џонг Ун: Северна Кореја набави ново тајно оружје

Препорачани Вести

ВИДЕО: Величенствено празнување на Божиќ, денес во Адис Амеба, Етиопија

3 weeks ago
Три намирници кои го забрзуваат старењето, веднаш исфрлете ги од секојдневната исхрана

Три намирници кои го забрзуваат старењето, веднаш исфрлете ги од секојдневната исхрана

11 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.