Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот на Елиса Спиропали за Министерка за Европа и надворешни работи.
Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата Министерка за Европа и надворешни работи и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех.
Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Министерството за Европа и надворешни работи ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.









![Стампедо во храм во Индија: Има загинати [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-03-094333.png)
