Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Семејството на Теодора: „Две години затвор за живот е навреда – правосудниот систем не донесе правда“

by Уредник
23.09.2025
in Uncategorized
Семејството на Теодора: „Две години затвор за живот е навреда – правосудниот систем не донесе правда“

Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово со која Менсур Пајазити од Голема Речица е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која во август 2022 година загина 22-годишната Теодора Ристовска.

Семејството на Теодора реагира со отворено писмо до јавноста, нарекувајќи ја одлуката „срам за правдата“ и „подбив со жртвата и нивната болка“.

„Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши. Наместо мир, добивме уште поголема недоверба и омраза“, се наведува во писмото.

Според нив, аргументот на обвинетиот дека казната е „превисока“ поради јавниот интерес е апсурден, бидејќи „сосема природно е секој да биде потресен кога млад живот ќе згасне“.

Семејството додава дека, иако натамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, тие нема да замолчат:
„Не бараме привилегии, бараме човечност и фер однос. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем.“

Во пресудата од април годинава, Пајазити беше прогласен за виновен затоа што управувал автомобил „БМВ“ со брзина од 59 километри на час, која не била прилагодена на условите на патот, и не му отстапил првенство на пешакот – тогаш 22-годишната Теодора – која поминувала на обележан премин.

Првично, во ноември 2023 година тој доби казна од три и пол години затвор по признавање на вина. Апелација ја намали казната на две години, по што Врховниот суд ги укина двете пресуди и предметот го врати на повторно судење. На повтореното рочиште во април 2025 година, обвинетиот повторно ја призна вината и доби идентична казна – две години затвор.

Семејството на Теодора заклучува дека ќе продолжи да бара одговорност:
„Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва. Животот на Теодора не е бројка во досие – тоа е наша вечна рана. Нема да престанеме да бараме вистинска правда.“

Next Post
Марс влезе во Шкорпија: Три знаци пред животни пресврти до 4 ноември

Марс влезе во Шкорпија: Три знаци пред животни пресврти до 4 ноември

Полициски тим спаси планинари- белгиски државјани во општина Центар Жупа

Полициски тим спаси планинари- белгиски државјани во општина Центар Жупа

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за понеделник – 21 јули: Банкрот за еден хороскопски знак, можност за нови познанства за друг

6 months ago

Софија со новa провокација: „Македонскиот идентитет“ е спротивен на европските вредности!

7 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.