Connect with us

Економија

Паника на криптопазарот: пад од над 400 милијарди долари, масовни ликвидации

Пазарот на криптовалути повторно е во „црвено“, откако минатата недела Федералните резерви на САД сигнализираа построга монетарна политика.

Етериум, солана и догекоин изгубија околу 10% од својата вредност за една недела, а вкупната пазарна капитализација падна под 4 трилиони долари. Дури и биткоинот не остана имун – во вторник вечерта неговата цена изнесуваше нешто под 112.000 долари.

Според податоците на Coinglass, повеќе од 400.000 трговци биле принудени на ликвидација поради наглиот пад на цените, што дополнително ја засили паниката на пазарот.

Advertisement

Економија

(ВИДЕО) ЗК Пелагонија го отвори првиот „АгроЕкоЦентар за обука за зелени вештини“

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.

Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година беше отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини” – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.

АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:

– Следење и анализа на состојбата на почвата, растенијата и климатските услови според податоците од сензорите на АгроЕкоСтаницата.

– Пристап до податоци во реално време и применa на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства (пестициди и хербициди), минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.

– Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.

– Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.

Oсновната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци , ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.

 оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.

Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно

Нашиот прв проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е успешно реализиран и сме особено задоволни што пред многу млади ги покажавме придобивките од воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и како се постанува професионалец со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите и животната средина.

Голема благодарност до Стевче Стевановски Градоначалник на Општина НовациДраганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила и Општина Битола – официјална страница за нивното присуство и поддршка за заедничко залагање за реализирање на понатамошни обуки за зелени вештини кои ќе бидат од големо значење за локалните заедници.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Економија

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

Гевгелија, [13.12.2025 година] – Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.

Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.

Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.

Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.

Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.

„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.

Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.

Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.

Continue Reading

Економија

Вкупен неделен промет од 46,9 милиони денари, без позначајни активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 8 до 12 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 237 трансакции со вкупен промет од 46,93 милиони денари, при што беа тргувани 31.442 хартии од вредност. Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пад од 0,32%, на ниво од 10.190,89 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без значителни промени во вредноста.

Најтргувани хартии од вредност 

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 16.550.265 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 10.351.316 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 7.472.583 денари

Блок-зделки

Во текот на неделата беа реализирани четири блок-зделки, со вкупна вредност од 67,47 милиони денари, меѓу кои:

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 58.425.000 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 5.750.350 денари

● Институт за заварување Југ Скопје – 7.287.750 денари (две блок-зделки)

Топ добитници

● Реплек АД Скопје (RPK) +1,25%

● Гранит АД Скопје (GRN) +0,61%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,39%

Топ губитници

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –1,96%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –3,00%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –0,87%

Обврзнички пазар

Во текот на неделата беа реализирани седум трансакции со државни обврзници за денационализација, во вкупен износ од 1.230.775 денари, меѓу кои:

● Р. Македонија – денационализација 21 – 479.586 денари

● Р. Македонија – денационализација 22 – 638.351 денари

● Р. Македонија – денационализација 23 – 112.838 денари

Неделата од 8 до 12 декември 2025 година се карактеризираше со намалена пазарна активност и пад на индексот МБИ10 за 0,32%.Најликвидни беа Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид, кои доминираа со над 70% од вкупниот промет. Позитивно движење бележат Реплек и Гранит, додека Комерцијална банка и Стопанска банка имаа негативно влијание врз индексот. Обврзничкиот пазар остана со ограничен обем на тргување, без позначајни ценовни промени.

 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг