Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Скопје станува центар на современата кардиологија – започнува Регионалната школа за срцева слабост

by Уредник
24.09.2025
in Uncategorized

Утре во Скопје започнува Регионалната школа за срцева слабост, настан од исклучителна важност на кој свое предавање ќе имаат 22 врвни професори кардиолози од цела Европа а ќе обедини повеќе од 150 доктори и специјалисти по кардиологија. Овој уникатен собир претставува точка на средба на најеминентните имиња од светската и регионалната медицинска кардиолошка пракса кои ќе ја пренесат својата експертиза и ќе дискутираат за најновите трендови во дијагнозата и третманот на срцевите заболувања и срцевата слабост. Преку своето присуство, тие ја потврдуваат важноста на школата како едукативна и научна платформа што го става Скопје на мапата на центри на знаење во кардиологијата.

Организатор на школата е Македонското здружение по кардиологија во соработка со Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA), како и со реномираните центри Zurich Heart House и London Heart House. Раководители на програмата на Регионалната школа за срцева слабост и клучни предавачи се доц. д-р Тања Анѓушева, Член на управниот одбор на Македонското здружение по кардиологија, проф. д-р Јорго Костов, претседател на Македонското здружение по кардиологија и еминентниот швајцарски професор Томас Ф. Лушер, директор за истражување, едукација и развој и консултант по кардиологија во „Ројал Бромптон и Харфилд Хоспитал Траст“ и „Империјал колеџ“ во Лондон и директор на Центарот за молекуларна кардиологија на Универзитетот во Цирих. Дополнително, предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија ќе го споделат своето знаење со македонските колеги, отворајќи нови перспективи за третман и истражување.

Едукативната компонента е срцето на овој настан. Настанот е осмислен не само како место за предавања, туку како вистинска академија за учење и размена на искуства. Преку интерактивни сесии, практични работилници и дискусии за теми како што се срцевата слабост како глобална епидемија, улогата на исхраната и физичката активност, поврзаноста на хипертензијата и срцевата слабост, дигиталната медицина и новите фармаколошки третмани, учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења и да стекнат вештини со кои ќе придонесат за подобра грижа кон пациентите.

Регионалната школа за срцева слабост не е само медицинска конференција – таа е платформа што ја гради иднината на кардиологијата во Македонија и регионот. Преку собирот на 22 европски професори и повеќе од 150 локални и регионални специјалисти, Скопје станува симбол на соработка, знаење и посветеност кон здравјето. Овој настан ја отвора вратата за долгорочни партнерства и континуирана едукација, испраќајќи порака дека кардиологијата е наука која не познава граници и која својата сила ја црпи од заедничката работа и размената на искуства.

Next Post

Божиновска: Македонија ќе ја зајакнува енергетската сигурност со поддршка од Светска банка

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА МЕСТО ЗА ПОЛИТИЧАРИ КОИ ВЕЛИЧААТ ОРУЖЈЕ: Велјановски повика СДСМ веднаш да ја осуди изјавата на Бектеши

Препорачани Вести

berza

Американските и европските пазари ја започнаа 2026 година со нови рекорди

4 days ago
Протекоа нови детали за спектакуларната кражба во Лувр: Како биле украдени накитот и предметите со непроценлива вредност?

Протекоа нови детали за спектакуларната кражба во Лувр: Како биле украдени накитот и предметите со непроценлива вредност?

3 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон со очила за сонце на состанок – Ова е причината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.